Можеби не е во цутот на младоста, но мора да признаеме дека Камерон Дијаз изгледа одлично за своите 41 години и има тело на кое многу помлади девојки би и позавиделе.
Актерката лудо се забавуваше со своите пријателки на Карибите и покажа дека иако веќе ги има годините, телото се уште и е во одлична форма.
Актерката неодамна изјави дека жените не си дозволуваат на себе си да стареат грациозно поради тоа што постојано живеат со убедувањето дека треба да и спротивстават на природата.
Иако во минатото беше жртва на истиот тренд, денес Дијаз вели дека ужива во стареењето и учи како да живее со она што и го носат годините.