Поранешниот дом на Кејт Мос и Џони Деп, сега може да го изнајмите по цена од 20.000 долари месечно, а се наоѓа во Гринвич Вилиџ во Њујорк. Се работи за куќа на три ката, со пиватен влез која е совршена за парови. Тие живееле во овој дом додека биле верени и додека познатата манекенка доминираше на модните писти во Њујорк, Лондон и Париз.
Оваа вила од 300 квадратни метри има две бањи и две спални, пространи плакари, приватнен отворен простор на две нивоа, високи тавани, гурманска кујна, камин … Доколку навистина го изнајмите нивниот поранешен дом, не наидете на неколку познати личности од соседството, како што се Ема Стоун, Џулиен Мур, Марк Џејкобс и Андерсон Купер, кои живеат во близина.
Инаку, оваа куќа е заведена како најексклузивниот и најубавиот дом во овој дел од градот. Се наоѓа на убава улица со дрвореди и има совршена приватна градина, а еден од елементите кои обобено ја красат е светилникот над целиот дом и кадата која лебди, за совршена романтична вечер.
За време на 1800-тите години, оваа куќа била место за собирање и живеење само на богатите луѓе, кои сакале да се повлечат од гужвите во градот во мирна оаза.
Оваа куќа е совршено место за живеење доколку барате нешто мирно и удобно, далеку од брзиот и бучен град, Со прекрасен простор надвор и внатре во домот, таа е идеално место за летни журки и забави.