Извршниот директор на Интел посочува нови можности за компјутинг, инвестиции и соработки со растечкиот технолошки екосистем во Кина

popara2 април, 20142min00
000000000000

ПРЕГЛЕД НА НОВОСТИТЕ

  • Извршниот директор на Интел го претставува Intel Smart Device Innovation Center во Шензен и 100 милиони долари вреден Intel Capital China Smart Device Innovation Fund за да се забрзаат иновациите кај паметните уреди вклучувајќи 2 во 1 уреди, таблети, паметни телефони, „wearables“ и интернет на нештата (Internet of Things)
  • Го прави првиот јавен повик во живо користејќи ја TD-LTE мрежата на China Mobile и Intel® XMM™ 7260 LTE напредната платформа
  • Демонстрира Intel SoFIA за првпат, само неколку месеци по додавањето на новата фамилија на интегрирани Intel® Atom™ mobile SoCs за достапни и поскапи паметни телефони и таблети
  •  Објавува достапност на Intel® Gateway Solutions за интернет на нештата базиран на Intel® Quark™ and Atom™ процесори

 

ИНТЕЛ РАЗВИВАЧКИ ФОРУМ (IDF), Шензен, Кина, Април 2, 2014 – Во време кога компјутерската индустрија подлежи на брза трансформација, извршниот директор на Интел корпорацијата Брајан Крзанич денес ги посочи плановите на компанијата за градење врз скоро 30 годишната историја во Кина, како и соработките со растечкиот технолошки екосистем, особено во Шензен, за да се забрзаат новите иновации и да се преструктуира компјутерската индустрија.

За време на неговото обраќање, Крзанич дискутираше како Интел и технолошкиот екосистем од Шензен можат да предизвикаат подем – локален и глобален – и да обезбедат диференцирани компјутерски продукти и искуства, долж повеќе различни сегменти од пазарот, оперативни системи и различни цени. Подвлекувајќи ја оваа поента, тој го објави воспоставувањето на Intel Smart Device Innovation Center во Шензен и додатни 100 милиони долари преку Intel Capital China Smart Device Innovation Fund.

Извршниот директор на Интел објасни неколку нови продукти и технологии што компанијата ќе почне да ги нуди оваа година, вклучувајќи го Intel® Edison,  спремна, повеќенаменска компјутерска платформа првпат замислена токму во истражувачките лаборатории во Кина. Тој исто така ја објави достапноста на Intel® Gateway Solutions за интернет на нештата (IoT) базиран на Intel Quark™ и Atom™ процесори, додатно демонстрирајќи ја SoFIA, Интел-овата прва интегрирана мобилна SoC платформа за достапни и поскапи паметни телефони и таблети.

Крзанич беше придружуван на првиот ден на овогодинешниот развивачки форум од Иан Јанг, претседател на Интел Кина, кој ја отвори конференцијата, и  Дајана Брајант постар заменик претседател на Intel Data Center Group, чие обраќање ги посочи технологиите на Интел за центри за податоци и темелите на модерниот компјутинг и растечките бизнис можности претставени со растот на паметните, поврзани уреди.

„Кинескиот технолошки екосистем ќе биде од најголемо значење за трансформацијата на компјутингот,“ изјави Крзанич. „За да се придвижи глобалната иновација, Интел ќе остане фокусиран на обезбедување на водечки продукти и технологии кои не само што ќе им дозволат на партнерите да воведуваат новини и иновации, ќе го донесат ветувањето дека ’ако се работи за компјутери, најдобро е со Интел’ – од обични направи до клауд, и се што е помеѓу.

Инвестирање во иновации во Кина

Градењето врз историјата на компанијата на овозможување и соработка со потрошувачите за испорачување на иновативни платформи, Интел ќе го основа Intel Smart Device Innovation Center во Шензен за да се забрза доставата на уреди базирани на технологијата на Интел до пазарот во Кина и пошироко.

Центарот ќе ја прошири работата на Интел пошироко од таблети и ќе овозможи на локалните производители и развивачи на софтвер достапност до технологијата и платформите на Интел како и поддршка, вклучувајќи референтни дизајни за комплетни уреди, развивачки алатки, снабдување, квалитетен менаџмент и корисничка поддршка – што ќе претставува мост помеѓу концептите на продукти и комерцијала употреба.

Дополнително за овој проект, Крзанич најави 100 милиони долари вреден Intel Capital China Smart Device иновациски фонд фокусиран на помагање за забрзувањето на иновациите за паметни уреди, вклучувајќи 2 во 1 уреди, таблети, паметни телефони, wearables, IoT и други слични технологии во Кина. Новата инвестиција ја поддржува посветеноста на Intel Capital на кинеската ИТ индустрија и развој на екосистемот. Од 1998, Intel Capital има инвестирано повеќе од 670 милиони долари во 110 компании во Кина низ два веќе утврдени инвестициски фондови.

Брзината кај мобилните уреди

Додека 4G LTE сервисот се проширува во Кина, Интел е добро позициониран да обезбеди поголем удел кај LTE чипсетите. Интеловата 2014 LTE платформа, Intel ® XMM ™ 7260, ги исполнува петте различни режими на работа на China Mobile* денес, вклучувајќи поддршка за TD-LTE и TD-SCDMA протоколи во Кина.

Интел е активно ангажиран во Кина за сертификација на XMM 7260, отворајќи го патот за комерцијална достапност во втората половина на 2014 за „перформанс“ и „мејнстрим“ уреди и нивните сегменти на пазарот. Крзанич го демонстрираше Intel XMM 7260 со спроведувањето на првиот јавен повик во живо користејќи ја TD-LTE мрежата на China Mobile и зборуваше за силна побарувачка во екосистемот за конкурентна LTE алтернатива.

Интел исто така ја развива својата SoFIA фамилија на интегрирани мобилни SoC за достапни и поскапи смартфони и таблети. Крзанич го демонстрираше првиот силикон од фамилијата, вклучувајќи ја интегрираната Intel® Atom™ платформа само неколку месеци по додавањето на овој продукт во ултра-мобилната мрежа. Тој додатно ја истакна стратешката можност во овие сегменти од пазарот и нивното значење за Интел и технолошкиот екосистем во Кина. Интел-овата SoFIA 3G платформа е на пат да се испорача до производителите во четвртиот квартал од 2014.

Крзанич кажа дека Интел е на пат да испорача 40 милиони таблети оваа година и претстави низа иновативни дизајни развиени во Кина од произведувачи и дизајнери.

Овозможување на растечкиот интернет на нештата

Интел активно следи низ решенија, од edge уредите до клауд, да се обрати на растечките можности презентирани од интернетот на нештата (IoT).

Крзанич објави достапност на Intel® Gateway Solutions за IoT, интегрирано решение базирано на Intel Quark™ и Atom™ процесорите, во прилог на Intel® Galileo – базирани развивачки платформи. Овие платформи ќе помогнат во бизнисот со намалување на трошоците и понуда на нови услуги со отклучување на вредни податоци од наследените системи, кои досега не биле во можност да комуницираат помеѓу себе и клауд.

Првите платформи интегрираат Wind River* и McAfee софтвер да помогнат да се забрза времето до пазарот и ќе бидат достапни од екосистемот во овој квартал. Потрошувачи кои развиваат решениа ги вклучуваат Shaspa* за енергија и автоматизација на градбите, RocKontrol* за енергетски менаџмент, TransWiseway* и Vnomics* за транспорт и Zebra Technologies Corp* за лоцирање на решенија во малопродажбата, здравството и производството.

Со осврт на други паметни, поврзани уреди што го сочинуваат интернетот на нештата (IoT), Крзанич рече дека Intel® Edison е на пат и ќе биде достапен подоцна ова лето.

Објавувањето на Intel Edison во јануари предизвика ентузијастички одговор од професионалните произведувачи и претприемачки заедници како и од компаниите за потрошувачка електроника и индустриски IoT компании. Крзанич истакна дека Интел ја продолжува Intel® Edison во фамилија на развивачки плочи што ќе се обратат на поширок опсег од сегменти на пазарот и потреби на потрошувачите.

Првата Intel® Edison плоча ќе го вклучи користењето на Интеловата водечка 22 нанометарска Silvermont архитектура во развивањето на dual core Intel® Atom SoC, зголемени I/O можности и поддршка на софтвер, како и нов, поедноставен индустриски дизајн.

 Воведно обраќање на Дајана Брајант

За време на нејзиното воведно обраќање, Брајант сподели како технологиите на Интел за центри за податоци се темелите на модерниот компјутинг и дека можностите за соработка и помагање на локални и глобални иновации тукушто започнува. Како што се вртат компаниите кон брза испорака на дигитални услуги, новите побарувачки се складираат во центарот за податоци креирајќи можности за нови иновации од партнерите. Всушност, трите клучни области на развој се клауд, анализа на обемни податоци и компјутинг со високи перформанси.

На Брајант и се приклучи Xuefeng Yuan, директорот на Guangzhou Supercomputing Center за да покаже колку компјутерите со високи перформанси го подобруваат општестото и го зголемуваат економскиот раст. Системот Млечен Пат 2 има повеќе од 54 петафлопи перформанси – околу двапати на перформансите на вториот по големина систем на сегашната ТОП500 суперкомпјутинг листа. Технологијата на Интел им овозможува на локалните компании  да добијат масивен систем подготвен да почне да прави важни научни откритија и нови пронајдоци.

Интел исто така ја претстави следната генерација на Intel® Xeon® процесор E5-2600 v3, фамилија на продукти базирана на Haswell микроархитектура кој ќе почне со производство во втората половина од оваа година.

 Преглед на вториот ден на IDF

Даг Фишер, заменик претседател и генерален менаџер на Software and Services Group, Херман Еул, потпретседател и генерален менаџер на Intel’s Mobile and Communications Group и Кирк Скауген, постар заменик претседател и генерален менаџер на PC Client Group ќе го отворат вториот ден на IDF. Секој од нив ќе ги нагласи достигнувањата на Интел во мобилниот хардвер и развој на софтвер во Windows* и Android*, ќе се обратат на можностите и соработката што Интел ги гледа во Кина заедно со кинескиот технолошки екосистем и ќе претстават како Интел работи со клиентите за да им помогне да ги диференцираат и целосно искористат производите и технологиите на Интел.

За Интел

Интел (NASDAQ: INTC) е светски предводник во иновации од областа на процесирањето. Компанијата дизајнира и гради есенцијални технологии кои служат како основа за светските компјутерски уреди. Дополнителни информации за Интел може да се најдат на веб страниците: newsroom.intel.com и blogs.intel.com.