Ја одрала тетоважата со името на бившиот и му ја испратила!

popara14 февруари, 201417min00
tattoo_cut_off_valentines_day-365288

Торз Рејнолдс (26) од Лондон одсекла дел од својата кожа на која била тетоважата посветена на дечкото со која била две години во врска.

Стјуарт Чопер (24) и кажал на Торз дека се сели на Аљаска поради работата од соништата, а таа дури и го испратила на аеродром. Меѓутоа, една недела подоцна Рејнолдс дознала дека ја изневерувал шест месеци и дека не заминал на Аљаска туку дека се преселил кај новата девојка, пренесува Дејли Мејл.

Тогаш таа се одлучила на жесток потег. Со скалпел одрала дел од кожата на која пишувало “Chopper’s Bitch” и парчето го ставила во тегла која што му ја испратила преку пошта.

-Го спакував тој дел од кожата за да изгледа како вистински подарок. Дури пишував на друг начин за да не се сети дека тоа сум јас. Не можам да ја замислам неговата реакција. Би сакала да сум таму и да го видам тоа – вели Торз.

Таа за време на зафатот кој траел час и половина не употребила никаква анестезија, туку само спреј за престанок на крварење.

-Не ја сакам болката. Но вадењето на кожата беше опуштено. Болката по тоа ме боли најсилно. Вадењето на тетоважата на тој начин означува крај на врската. Сакам да поминам преку тоа и засекогаш да го избришам од мојот живот – вели таа и додава дека не добила одговор од него.

Парот имал потресна разделба на аеродромот, каде што еден на друг си ветиле дека ќе се видат, доколку тој се врати од Аљаска.

Рејнолдс вели дека луѓето се премногу сериозно го сфатиле отстранувањето на нејзината тетоважа.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *