
Си биле двајца монаси кои живееле заедно 40 години во еден манастир и никогаш не се скарале. Еден ден едниот монах рекол: “ Зар не милиш дека барем еднаш и ние треба да се скараме? “
“Зошто да не , а за што ќе се караме?” –рекол другиот
“Би можеле за овој леб”. – предложил првиот
“Добро , ќе се караме за лебот, но како тоа се прави?”- прашал другиот
“Вака , овој леб е мој и сега ти што ќе направиш?”
“Задржи го”. –рекол другиот
Она што го уништува духовниот мир или спокојство е “ЈАС” , нашето его . Тоа е најголемиот непријател на внатрешниот мир и спокојство, твро срце полно со егоизам и себичност. Затоа треба да препознаеш и кога ќе почне да скока во прв план да го смириш. И за крај да не се заборава
“Јас сум центар на светот, но само во својот свет.”