Јелена Ристиќ: За мене и Новак авионите беа вселенски летала!

8 јануари, 20140
16

Девојката на Новак Ѓоковиќ, Јелена Ристиќ се присеќава на скромните почетоци и животот во Белград, студирањето и нивната врска во почетокот.

“Што ли не работев во младоста. Ништо не ми беше тешко. Работев и во кладилница. Работев на шанк каде ми даваа бакшиш кога нивниот тим ќе победеше. Тоа беше интересно“ – раскажува Јелена.

Јелена додава дека секогаш имала подршка од Новак, дека тој доаѓал на нејзините испити и седел во последната клупа, влевајќи и храброст.

“Јас бев студентка , а тој беше тенисер почетник кој исто така немаше пари да финансира авионски билети за да се видиме. Авионите за нас беа вселенски летала, ние тоа не можевме да си го дозволиме“, вели Јелена.

За време на санкцијата во Србија Јелена доживеала да остане и без патики.

“Боса се вратив дома. Мојот симпатија ме носеше на грб. Никогаш не разбрав зошто тоа го правеа. Не знам дали сакаа да покажат сила или патиките навистина им беа потребни“ – раскажува Јелена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi