Каде и зашто мистериозно исчезна авионот од Малезија?

popara9 март, 20141min00

„Сѐ уште нема докази за тероризам во случајот. Но, се разбира, тоа не е конечниот заклучок. Премногу е рано за да се каже нешто со сигурност”, изјави соговорникот на NBC.

Според американското министерство за одбрана, разурнувачот „Pinckney” се упатил кон јужниот брег на Виетнам, каде што ќе земе учество во потрагата по остатоците од авионот и спасувачката операција, бидејќи во неговиот состав се и два спасувачки хеликоптера. Како што се очекува, бродот ќе доплови до локацијата на којашто последен пат авионот бил на врска во текот на неделата.

Како што пренесува AFP наскоро се очекува на местото каде што исчезнал малезискиот авион да долета и извидувачкиот авион „P-3C Orion” од составот на вооружените сили на САД.

Авионот на малезискиот нaционален авиопревозник MAS со 227 патници и 12 членови на екипажот, полета од малезиската престолнина Куала Лумпур кон кинеската Пекинг, но исчезна од радарот. Малезиските воздухопловни власти истакнаа дека во времето на прекинот на врската со леталото чиј екипаж дотогаш не пријавил никакви проблеми, временските прилики биле добри.

Од „Malaysia Airlines” потврдија во меѓувреме дека на листата на патниците 154 се од Кина и Тајван, 38 се Малезијци, седум се Индонезијци, шест Австралијци, Пет Индијци, четворица Французи, тројца Американци, по двајца од Нов Зеланд, Канада и Украина, и по еден државјанин на Русија, Холандија, Австрија и Италија.