Каде живеат најбогатите жени на светот?

popara30 март, 20141min00
znaete-li-kade-ziveat-najbogatite-zeni-vo-svetot-3

Според резултатите на истражувањето на магазинот „Spear’s”, на тема колкав процент меѓу мултимилионерите во 42 држави им припаѓа на жените, најдобро им е на жените во Португалија. Верувале или не, од сите богаташи во таа земја, дури 23,8 отсто се припаднички на понежниот пол. Не е лошо ниту на Филипините, каде жените со своето богатство учествуваат со 21 отсто, а Перуанките се на трето место на листата земји.

На крајот на листата од милионерки се наоѓаат Јапонките со 3,7 отсто , веднаш над нив се и дамите од Саудиска Арабија со 3,8 отсто, а Мексиканките се со 3,5 отсто од вкупниот капитал во својата земја.

За жал, жените од Балканот не влегле на оваа листа, бидејќи или ги нема во доволен процент меѓу најбогатите или нема некои значајни податоци за нивното богатство.

Интересно е тоа што Норвежанките се побогати од Швајцарките, додека процентот на богати Британки е неочекувано мал. Прилично мал процент богаташки опфаќаат и Германките, само 9,6 отсто и Французинките со 8,5 отсто.

Погледнете ја целосната листа:

1. Португалија – 23.8 %

2. Филипини – 21 %

3. Перу – 18.3 %

4. Хонг Конг – 18 %

5. Турција – 17.4 %

6. Израел – 17 %

7. Сингапур – 16.3 %

8. Тајланд – 15 %

9. Шпанија – 13.8 %

10. Италија – 12.5 %

11. Шведска – 12.2 %

12. Чиле – 11.6 %

13. Швајцарија – 11.6 %

14. Велика Британија – 11,4 %

15. Ирска – 11 %

16. Нигерија – 11 %

17. Индија – 10.9 %

18. Финска – 10.8 %

19. Јужна Кореја – 10.7 %

20. Бразил – 10.6 %

21. Данска – 9.7 %

22. Германија – 9.6 %

23. Грција – 9.5 %

24. САД – 9.4 %

25. Канада – 9.2 %

26. Кина – 9.1 %

27. Австралија – 8.8 %

28. Индонезија – 8,3 %

29. Колумбија – 7,1 %

30. Полска – 7 %

31. Малезија – 6.4 %

32. Нов Зеланд – 6,3 %

33. Белгија – 6 %

34. Холандија – 5.9 %

35. Русија – 5.7 %

36. Мексико – 5.3 %

37. Саудиска Арабија – 3,8 %

38. Јапонија – 3,7 %