Потребни состјки
250 гр. маргарин
200 гр. шеќер во прав
80 гр. какао
250 гр. плазма бисквити
1 јајце
2 лажици рум
Подготовка:
Со миксер се матат маргаринот и шеќерот. Додадете јајце, рум и какао и продолжете со матење додека смесата не се соедини. Исклучете го миксерот па во кремот ставете ги издробените бисквити, измешајте и истурете во два долгнавести калапи од фолија. Ставете ги во фрижидер и кога ќе се стегнат, пред послужување, извадете ги од калапите и исечете ги на штангли.