Како да ги скротиш животните бури?

popara24 мај, 20141min00
17

Еднаш еден човек седеше покрај едно езеро. Онака задлабочен во мислите фрлаше по некое камче во мирното езеро одвреме навреме.

Во еден момент едно мало момче поминуваше покрај него и застана. Момчето беше лубопитно да види како на секои 2-3 минути човекот фрлаше по едно мало камче во езерото.

Поради тоа момчето се приближи до човекот и му рече – “Ова фрлање на камчиња мора да те потсетува на старите добри времиња.” Човекот возврати со едно кратко Хмм. Беше очигледно дека тој беше длабоко во своите мисли и не сакаше да биде вознемируван.

По кратко време, човекот му рече на момчето – “Погледни ја водата, колку е само мирна.

Да, навистина е мирна.” – му возврати момчето.

Човекот фрли уште едно камче во езерото и продолжи – …” Се додека не фрлам камче во него. Ги забележуваш сега брановите?”

Да, рече момчето. “Брановите сега се шират се пошироко и пошироко.

… “A после кратко време, водата повторно се смирува.” – повторно надополни замислениот човек.

Момчето само ја потврди неговата изјава.

Човекот понатаму продолжи – “Што доколку сакаме да ги сопреме брановите? Главниот причинител за нивната појава е секако фрленото камче. Ајде тогаш да го извадиме камчето надвор.

Момчето посегна со раката и се обиде да го извади камчето од водата. Но притоа само успеа да предизвика уште повеќе бранови. Успеа да го извади камчето, но овој пат бројот на брановите беше дури и поголем од претходно.

Мудриот човек повторно прозборе – “Не е можно да го сопреш движењето на брановите во водата еднаш кога ќе фрчиш камче во неа. Она што можеме притоа да го сториме е да се воздржиме себеси од фрлањето на камчето со што ќе го запреме и настанувањето на брановите.