Треба да знаете дека на квалитетот на ноктите влијае начинот на живот кој го водите. Сепак, постои начин да ги зацрвстите и да ги оставите да пораснат.
Пијте вода
Иако веќе знаете дека е потребно да пиете околу литар ипол вода на ден за да бидете здрави и убави – корисно е да се напомене дека водата влијае и на квалитетот на ноктите.
Протеини од зеленчук
За сјајни нокти потребни ви се протеини од зеленчук кои ќе ги пронајдете во гравот. Една порција неделно ќе биде доволно вашите нокти да бидат мазни и убави.
Нега
Освен што е важно да ги хидрирате одвнатре, потребно е да ги негувате ноктите и однадвор. Одберете крема на база на вазелин и еднаш дневно втријте ја во ноктите.
Одмор од лак
Иако лакот ги штити ноктите, сепак потребно е да одморите од нанесување лак за нокти. Откако сте носеле лак за нокти цела недела, следните неколку дена уживајте во природниот изглед.