Како да се однесувате со различните хороскопски знаци за врската долго да трае?
31 мај, 20140
Овен
- Покажете возбуда и ентузијазам за нивните интереси, хоби, идеи, но најважно од сѐ, за самите нив.
- Дозволете им да мислат дека сѐ било нивна идеја.
- Заборавете на живот според рутина колку што можете повеќе, за да ги одржувате работите во вашата врска нови и свежи.
Бик
- Разгалувајте ги со масажи и физички контакт во изобилство.
- Направете да се почувствуваат безбедно, стабилно и комфорно.
- Дозволете им да одржат степен на независност во врската. Никогаш не си дозволувајте да се чувствуваат како да се во стапица.
Близнаци
- Секогаш настојувајте комуникацијата помеѓу вас да тече беспрекорно.
- Пронајдете начин да ги одржите односите едноставни и разиграни во вашата љубовна врска, дури и во тешките мигови.
- Сакајте ги нивните пријатели и поддржувајте го нивниот активен социјален живот.
Рак
- Поминувајте многу време со нив. Ракот треба да ви биде на прво место на приоритетите во животот.
- Магистрирајте на темата „уметност на галењето“.
- Дајте сѐ од себе за да ја разберете „плимата и осеката“ во нивните расположенија.
Лав
- Облевајте ги со љубов, внимание и пофалби, секој ден.
- Поддржете ја и охрабрувајте ја нивната страст и креативни идеи.
- Дозволете им да ја преземат главната улога секогаш кога тоа е возможно.
Девица
- Бидете искрени и отворени и не ни помислувајте да сокриете нешто од нив.
- Секогаш одржувајте го вашиот дом чист, најмногу што е можно.
- Помогнете им да почнат да зборуваат за нивните чувства, секогаш кога ќе забележите дека се загрижени или нервозни.
Вага
- Разгалувајте ги и дозволете им за возврат да ве разгалат и тие вас.
- Бидете дарежливи со комплименти и возвишувања.
- Немојте да го уништувате балансот во вашата врска, започнувајќи кавги и препирања. Наместо тоа, одржувајте го односот спокоен и хармоничен.
Скорпија
- Споделувајте ја со нив вашата емотивна, физичка и спиритуална интима.
- Бидете блиски со нив и потрудете се тие да дознаат колку длабоко сте поврзани вие двајца.
- Бидете страсни за сѐ што постои во животот, а особено за вашата љубовна врска.
Стрелец
- Вклучете се во интелектуални разговори и внимателно слушајте ги нивните идеи.
- Дадете им слобода да го живеат нивниот живот, според нивни услови.
- Поддржете го нивниот авантуристички дух и станете дел од него, колку што можете повеќе.
Јарец
- Пронаоѓајте начини постојано да ја покажувате вашата посветеност кон нив и вашата заедничка врска.
- Научете да се справувате со реалноста. Не се фокусирајте премногу на муабети од стилот „што би било, кога би било“.
- Употребете ја вашата интелигенција и хумор за да ја придобиете нивната љубов и да ги насмевнете.
Водолија
- Немојте да бидете љубоморни или застрашени од нивниот активен социјален живот. Наместо тоа, научете како да станете дел од него.
- Дадете им слобода да прават што сакаат и сами да си одлучуваат за своите постапки.
- Внимавајте на вашиот систем на вредности и секогаш однесувајте се во согласност со него.
Риби
- Одржувајте го односот романтичен и сензуален. Никогаш не дозволувајте да се изгуби „магијата“ во вашата врска.
- Поддржувајте ги кога се чувствуваат несигурно.
- Почитувајте го нивното спонтано однесување, прилагодливо на секоја новонастаната ситуација. Никогаш не се сомневајте во нивните интуитивни одлуки.