Како Господ ја создаде жената?

popara5 февруари, 201418min00
5

Господ работел неуморно шестиот ден за да ја создаде жената. Еден од ангелите го запрашал: Зошто толку се трудиш за неа? Бог одговорил: Ти дали ги погледна инструкциите? Не треба да се плаши од влага, не треба да е од пластика, треба да е составена од 200 подвижни делови, да преживее само со кафе и остатоци од храна, колениците мораат да и бидат издржливи, за да носи две деца истовремено, а кога ќе се исправи да биде грациозна, а за бакнежот?  – Треба да може да лекува се – од најмалото скршено срце, до срцето на нејзината мајка и срцето на саканиот човек. Треба да има и шест пара раце.

Ангелот се изненадил од големите барања кои жената треба да ги исполни. Шест пара раце? Зошто толку многу? – запрашал збунето ангелот.

Бог одговорил: О, да, и тоа не е најголемиот проблем! Проблемот е во трите пара очи што треба да ги има секоја жена!

И сите тие додадоци за еден обичен модел? – зачудено запрашал ангелот.

Бог одговорил: Да, еден пар очи и требаат на мајката за да гледа низ затворени врати и да знае што и прават децата во секој еден миг. Вториот пар очи и се за да го гледа она, што е неопходно, без никој ништо да и каже. Третиот пар очи се наменети за да може со поглед да му каже на саканиот и децата колку многу ги љуби.

Ангелот се обидел да се посоветува со Бога: Но тоа е премногу работа, ќе можеш ли за еден ден да ја завршиш?

Не, нема да можам! – одговорил Бог.Јас се грижам за жените, за мајките, за вдовиците, за осамените и тажните секојдневно!

Ангелот ја допрел жената и извикал: Господе, зошто е толку нежна?

Да, нежна е, но јас ја направив и силна. Ти не можеш ни да претпоставиш што се таа може да истрпи!

А може ли да мисли? – запрашал ангелот.

Бог го уверил: Не само што може да мисли, таа умее и да се аргументира и да докаже!

Тогаш ангелот го допрел лицето на жената и рекол: Мислам дека моделот не е водоотпорен. Ти реков да не вложуваш толку многу труд во неа!

Не пропушта вода! – се насмевнал Господ. Тоа се слози!

Но зошто солзи? – се изненадил ангелот.

Господ објаснал: Низ солзите таа изразува радост, страдање, болка, разочарување, осаменост и гордост!

Ангелот бил импресиониран: Господе, ти си гениален! Сега знам зошто жената е толку специјална!