Како хороскопските знаци се снаоѓаат со сопствените емоции, што бараат и што нудат?

popara24 декември, 20141min00
9

На земјените знаци најважна им е сигурноста, водните знаци се жедни за љубов и прифаќање, огнените сакаат да се истакнат, додека воздушните сакаат љубовни предизвици.

Кои се емотивните потреби на вашиот хороскопски знак?

Овните имаат потреба за движење и предизвици

Припадниците на овој огнен знак имаат потреба од активности исто колку и од воздух. Тие се изразуваат низ акциите, а предизвиците за нив се секогаш добредојдени. Ако не се први, а напорно се трудат, се чувствуваат поразено и фрустрирано. Не се емотивно најзрели, па нивните емоции знаат да се променат зависно од денот или моментот. Не поднесуваат кога партнерот се меша во нивните лични одлуки.

На Бикот му е потребна сигурност, а не само зборови

Припадниците на овој земјен знак најмногу се сконцентрирани на материјалниот сегмент од животот, па затоа не сакаат ментални игри, туку директни и искрени односи. Нивната најголема емоционална потреба е сигурноста, па ги ценат стабилните личности. Ги сакаат рутините и не сакаат кога плановите се распаѓаат. Конкретните дела им се поважни од бакнежите и нежноста во врската.

На Близнаците им е здодевно ако не се случуваат барем две работи истовремено

За припадниците на овој знак е типично тешко да се снаоѓаат со сопствените емоции, па многу време минуваат анализирајќи ги. Затоа што се најпроменливиот знак во зодијакот, најдобро функционираат ако околу нив се случуваат повеќе работи. За разлика од Биковите, Близнаците се вадат од кожа кога ќе почувствуваат дека љубовната врска западнала во рутина.

Ракот се чувствува најдобро кога се грижи за некој

Овој хороскопски знак е најемотивниот, па неговите припадници е најлесно да ги повредите. Кога се повредени, тие не знаат и не планираат да ги кријат чувствата. Сакаат допири, комплименти и пофалби, а најдобро се чувствуваат во хармоничните врски и семејното опкружување. Важно им е да имаат некој за кого ќе се грижат, затоа што се жедни за блискост.

На Лавот му е важно да привлече внимание

Припадниците на овој знак имаат потреба да го привлечат вниманието. Често претеруваат во изразувањето на емоции, а за да бидат среќни потребни им се незаборавни забави. Стануваат великодушни ако чувствуваат дека се ценети, а најдобро се чувствуваат кога ќе забележат дека се незаменливи.

Девиците се задоволни кога ќе постигнат нешто големо

Припадниците на овој знак се големи работници и сакаат да им угодуваат на другите, а најзадоволни се ако околината е свесна за нивната вредност. Секогаш им е потребно нешто за што деноноќно ќе размислуваат и анализираат, затоа што во спротивно ќе им стане здодевно. не сакаат претерано искажување на емоции, па своите солзи и среќата често ги кријат од сите. Очајно посакуваат да се чувствуваат корисно.

Вагите ја презираат самотијата и неопходни и се други луѓе

Вагите се неверојатно друштвен знак, а затоа што никогаш не се чувствуваат добро кога се сами, се во вечна потрага по публика. За да не се досадуваат, ќе се оптоварат со работа, ќе ја пуштат музиката погласно или ќе зборуваат со некој по телефон. За љубовна врска бараат човек кој ќе знае да ги сослуша и посоветува, а многу ја ценат и тимската работа и групното анализирање на работите.

На Скорпиите им е неопходно да ја искажат страста

Припадниците на овој воден знак се опишуваат како резервирани и таинствени, а тоа е нивниот единствен начин за справување со емоциите. Тие не го поднесуваат просечниот живот, па не сакаат да се вклопат во масата. Во постојана потрага се по новитети преку кои ќе можат да ја реализираат внатрешната енергија. Не се врзуваат лесно, но најголем кошмар им се разделбите со долгогодишен партнер на кој конечно започнале да му веруваат.

На Стрелецот неопходни му се излегувањата, интересните хобија и дружењето

Како и на Овните, така и на овој знак му се потребни активности и предизвици кои ќе го одржат заинтересира. Без оглед на тоа дали се едуцираат, дружат или вежбаат, на Стрелците им е потребно да се ослободат од вишокот емоционална енергија која ја носат во себе. Затоа што понекогаш се претерано самоуверени, потребен им е партнер кој ќе ги врати на земја. Иако им е убаво дома, најпријатно се чувствуваат надвор, на слобода.

На Јарецот му е најважно почитувањето и воодушевувањето од другите

Припадниците на овој знак имаат вродена потреба за контрола, како и потреба од доминација во љубовните врски. Често се вели дека Јарците се најмалку емотивни од сите знаци, а причината за тоа е ограничувањето на истите. Покрај тоа, знаат често да ги анализираат сопствените чувства. Уживаат кога другите ги поддржуваат и ги ценат, а посебно кога сите се придржуваат до нивните правила.

Водолијата најдобро се чувствува кога создава нешто

Водолиите се борци за еднаквост. Имаат изградени уверувања кои ретко ги менуваат и заради тоа на нивните емоции често пати им недостасува искреност и спонтаност. Потребно им е да се занимаваат со различни активности и да создаваат нови нешта, а претераните разговори за емоциите знаат да ги задушат. Во емоционалните врски важно им е да се со личност која не бара многу од нив.

Рибите имаат потреба од разбирање

Припадниците на овој знак се најсензуалниот знак во зодијакот. Неверојатно се чувствителни на надворешни влијанија, а имаат голема потреба од одобрување, разбирање и љубов. Најдобро се чувствуваат кога имаат една цел и работат на нејзиното остварување, а затоа им е потребна голема сигурност и поддршка. За успешна љубовна врска потребна им е личност која не е претерано емоционално воздржана.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag