Отворете ако се осмелите: Овој тест ја открива вашата мрачна страна!

24 декември, 20140
2

Скриената страна на личноста, со себе носи потенцијална слабост, деструкција и агресивност или пак претставува мрачна страна на нашата личност. Ви донесуваме тест кој нуди можност на опуштање, но со помош на него можно е да откриете аспекти кои се скриени.

Се што е потребно е по редослед на прашањата да одберете еден од четири понудени одговори кои најмногу се вклопуваат во вашиот став и профил личноста. На крајот, погледнете ги резултатите од тестот.

mrak

1. Се наоѓаш на излет и после долга прошетка изненадно наидуваш на:

а) Многу привлечна личност

б) Пештера

в) Крстосница

г) Необична куќа

2. Понудени ти се четири карти на избор, која од нив ќе избереш:

а) Ас баклава

б) Ас лист

в) Ас детелина

г) Ас срце

3. Те мачи ноќна мора и нагло се будиш од сон, затоа што:

а) Гориш во страшен оган или пламен

б) Паѓаш од непрегледна висина и пропаѓаш во бескрај или мрак

в) Те прогонува страшен монструм, крволочен убиец

г) Се давиш во вода

4. Некој ти подарил:

а) Привезок

б) Часовник

в) Шешир

г) Парфем

5. Необично важен „детал“ во твојата куќа има:

а) Огледало над спалната

б) Огромно џакузи во сјајна бања

в) Дискретно осветлување и прозори

г) Голем и топол камин со удобна фотелја или лежај

6. Понудени ти се четири работи на избор, која од нив ќе ја одбереш:

а) Стара монета

б) Песочен часовник

в) Ламба

г) Старински клуч

7. Да можеш да го казниш својот најлош непријател, тоа би го направил/а на следниот начин:

а) Ќе го испратиш во манастир

б) Ќе му го одземеш она што најмногу го сака

в) Ќе го мачиш со најлоши справи за мачење

г) Ќе го осудиш на вечна самотија

8. Пред тебе се наоѓа шпил карти, ти сигурно извлекуваш:

а) Ас

б) Поп

в) Џокер

г) Дама

9. Ќе се чувствуваш беспомошен/на кога би се случило:

а) Околу тебе да е бескраен мрак

б) Да останеш потполно неподвижен како билка

в) Некој да те затвори во лавиринт од кој што нема излез

г) Да останеш сам(а) после апокалипса

10. На сред ужасен пожар, можеш да направиш само една работа и во таа прилика да спасиш:

а) Својот љубовник(ца)

б) Десет познаници

в) Сестра/брат

г) Четириесет непознати луѓе

11. Си добил/а златна рипка која може да ти исполни само една желба, ти ќе избереш:

а) Комплетна и совршена промена на изгледот, успех и моќ

б) Патување низ времето

в) Бескрајна младост

г) Среќа и љубов

12. Твоја неостварена фантазија е:

а) Да имаш моќ и да бидеш господар

б) Да имаш мистична моќ и да станеш волшебник

в) По потреба да стануваш невидлив

г) Да имаш крила

13. Повремено чувствуваш страв од:

а) Неуспех и немоќ

б) Губиток и сиромаштво

в) Предавство и превара

г) Самотија и болест

14. Да можеш ти би сакал/а

а) Да управуваш со светот

б) Да посетиш други планети

в) Да запознаеш и доживееш таинствено/мистично

г) Да ја посетиш „Рајската градина“

15. Сакаш да се опуштиш во својата куќа со добар филм, кој жанр најмногу му одговара на твоето расположение:

а) Акција

б) Комедија

в) Научна фантастика

г) Психолошка драма/ љубовен

РЕЗУЛТАТИ ОД ТЕСТОТ:

Доколку имате најмногу одговори под А:

За вас најголемите животни предизвици се кријат во другите луѓе и во односите со нив. Преку нивните постапки, однесувања па дури и дејствување ве покренува голема страст. Импулсот кој се заснова на чувството на приземност, хедонизам и ужиток. Вие не можете без другите луѓе.

Доколку имате најмногу одговори под Б:

Вие имате потреба за истражување  на светот околу себе, но поради тоа што со тоа ги задоволувате сопствените пориви. Кога ги задоволите своите апетити, дури тогаш другите можат да бидат задоволени. Чувствата ги делите со другите, но за возврат очекувате некое посебно задоволство, па дури и награда. Во своите намери сте упорни и секогаш тежите кон остварување на своите цели.

Доколку имате најмногу одговори под В:

Веќе на прв поглед со оригиналност скренувате внимание на себе, а ве привлекуваат и некои несекојдневни ситуации. Кога на вас ви е добро, добро им е и на другите, и обратно. Поседувате огромна енергија и позитивен пулс кој ви создава мошност за среќа.

Доколку имате најмногу одговори под Г:

Имагинативна сте и длабоко емотивна личност, но истовремено сте и многу чувствителни тоа е слаба страна на вашате личност. Кога енергијата ја насочувате кон задоволство, тогаш на другите сте им бескраен извор на радост. Но, ако доживеете разочарување, обично станувате склони кон самоказнување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *