
Најди човек кој те опишува со „прекрасна“ наместо „добра риба“, кој ти се јавува кога ќе му спуштиш слушалка, кој ќе легне под небесниот свод и ќе ги слуша твоите отчукувања на срцето или ќе остане буден само за да може да те гледа додека спиеш.
Биди трпелива и дочекај го момчето кое ќе те бакнува во чело, кој ќе сака да те покаже пред сите кога нема да бидеш совршена, кој ќе те држи за рака пред своите пријатели, кој мисли дека си прекрасна и без шминка.
Оној кој секогаш ќе те потсетува колку сака што е со тебе и колку е среќен што те има.
Оној кој во секој разговор со пријателите кажува: „Таа е единствената, вистинската.“