Како правилно да ја негувате интимната зона?

2 октомври, 20140
6

Иако се мачнините чести и значајно го дисбалансираат секојдневниот живот, постојат начини на кои што можеме да се наслониме, за да ги решиме проблемите.
Пецкањето, чешањето, чувството на сувост во гениталниот предел, како и болката во текот на сексуалниот однос, се симптоми поради кои многу жени патат често, не осудувајќи се да побараат помош од стручно лице.

Поради што настануваат и како можеме да се „решиме“?

Наведените проблеми најчесто ги погодуваат жените во текот на менопауза. Меѓутоа, често се јавуваат и кај младите. Предизвикувачите можеме да ги поделиме на неколку типови:

Хормонски промени – најчесто се јавуваат во менопауза и перименопауза, но исто така и после породувањето, во текот на доењето и после примена на хемио или радиотерапија. Во таа прилика доаѓа до намалување на нивото на естроген и последично намалување на лубрикација и влажнење на ѕидовите на вагината.

Лекови – Лековите за алергија или лековите против настинка можат да доведат до сувост на слузницата на вагината и да го намалат нејзиното влажнење.

Намалено либидо – во некои ситуации нивото на сувост на вагината може да биде предизвикано од недостаток на либидо и проблеми поврзани со партнерот.

Иритација – Некои жени се алергични на хемикалии кои се наоѓаат во сапуните, средствата за хигиена, боите или парфемите. Нивната примена може да ги предизвика наведените тешкотии во гениталната зона.

Анксиозност – Психолошки и емоционални фактори како што се стрес и анксиозност можат да доведат до намалување на желбата за сексуален однос и до недостаток на вагинална влажност, во ситуации кога таа се очекува.

Многу жени забележуваат промени на вагината во гениталната зона после менопауза. Оваа промена подразбира сувост, чешање, непријатност во текот на сексуалниот однос, па дури и болка. Често се јавуваат проблеми со мокрењето. Овие промени можат да се лечат со помош на супституциона терапија, естрогенски креми и лубрикантни гелови.

Најчести симптоми кои се јавуваат се:

Болка во текот на сексуалниот однос (диспареунија)  – предизвикана од сува вагина која има мала можност за создавање на лубрикант. Исто така, кожата околу вагината е фрагилна и може да допринесе до залошување на проблемите.

Пецкање или чувство на сувост на ѕидовите на вагината, доколку истите се воспалени и црвени.

Вагинален секрет – бел или жолтеникав секрет.

Чешање – Кожата околу вагината е чувствителна и склона на чешање. Ова доведува до засилено чешање.

Уринарни мачнини – Настануваат поради ослабени ткива околу вратот на мочната бешика. Начесто се јавуваат уринарни инфекции и неможност за посакуваното задржување на урината (инконтиненција).

Важно е да се напомене дека овие симптоми имаат и други причинители, како инфекција, а доколку се јавува најдобро е да се посоветувате со својот лекар.

Доколку патите од наведените симптоми, најдобро би било да се консултирате со стручно лице без никаков срам, за соодветно да биде утврдена причината. Негата на целата зона би требала да биде прилагодена на посебни потреби во согласност со типот на мачнините. Поради тоа се советуваат посебни средства за нега на кожата и лубриканти, меѓу останатото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *