Како Русите “ги предадоа” Србите на Косово

26 ноември, 20140
Како Русите “ги предадоа” Србите на Косово
Војниците со пукотници, а жените и девојките со цвеќиња во рацете ги пречекале руските трупи. Погледнете како сето тоа изгледало во 1999 година.

Имено, по бомбардирањето на СФРЈ во 1999 година, руските војници биле првите кои што влегле на територијата на Косово и Метохија, па од тамошниот народ биле дочекани како ослободители, со цвеќиња во рацете, но и со пукотници од автоматско оружје.

Првите руски војници од составот на меѓународните сили за Косово, на оваа територија влегле на 11 јуни 1999 година, пред останатите припадници на КФОР. Тоа биле припадници на десантните единци распоредени во источниот дел на Босна и Херцеговина.

Генералштабот на руската војска тогаш тврдел дека доаѓањето на административната граница било направено се со цел да се подготви влегувањето на руските и НАТО војниците во Косово.

Веќе на 12 јуни, неколку десетици руски возила пристигнале во Приштина, каде што биле пречекани од околу 2.000 жители, десетина часа порано пред останатите трупи на НАТО.

Влегувањето на Русите во Приштина, тамошните Срби го прославиле со пукотници од автоматското оружје, додека девојките и жените им подарувале цвеќиња на руските војници. Така, руските сили го зазеле приштинскиот аеродром, што тогаш предизвикало сериозни реакции од страна на НАТО.

По преговорите помеѓу САД и Русија, за составот и влијанието на мисијата на КФОР на Косово, било одлучено руските трупи да бидат распоредени на повеќе зони на територијата на Косово.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş