Како самодовербата влијае врз љубовниот живот и врските

popara12 септември, 20141min00
4

Ниската самодоверба не бира пол, возраст, религија, брачен статус, тежина, висина или било каква друга карактеристика. За жал, таа негативно влијае врз многу сегменти од животот, но добрата вест е дека таа состојба може да се промени со макотрпна работа и трпение.

Пред се, да видиме како самодовербата влијае врз љубовниот живот и врски.

Карактеристики на личност со ниска самодоверба

Генерално, луѓето кои патат од ниска самодоверба може да се чувствуваат или однесуваат на следниве начини:

-говор на омраза кон самиот себе „Зошто некој некогаш би сакал да излегува со мене?“, „Јас не заслужувам партнер“
-често извинување и непостојаност во своите одлуки и однесувања
-неспособна е да прима и дава комплименти
-не исполнува основни задачи и цели заради страв од неуспех

Дали се препознавте во некои од овие точки? Нема од што да се срамите. Всушност, многу луѓе страдаат од ниска самодоверба. Тоа што се пронајдовте во овие карактеристики, можеби претставува и добра работа бидејќи сега кога го знаете проблемот, полесно ќе го решите.

Како самодовербата влијае врз љубовните врски

Секојпат кога се оцрнувате, тоа се забележува. Како дамка на бела маичка, ниската самодоверба е тешко да не се забележи. Па така, барајќи добар партнер ако страдате од оваа состојба е тешка угорница, и тоа во најдобар случај.

Уште еден многу лош ефект што го има ниската самодоверба е наоѓањето љубов во сите погрешни партнери. А исто така истражувањата покажале дека луѓето кои патат од ниска самодоверба е поверојатно прерано сексуално да им се предадат на своите партнери.

На некој начин, ниската самодоверба претставува борба во која мислите дека не сте доволни добри за да имате партнер, а од друга страна постојано сте во потрага по истиот за да го докажете спротивното. Ова е потенцијален автогол, каде не правите ништо друго освен што си нанесувате штета на себеси, а ваквото однесување може да се повторува се додека не одлучите дека е време да се превземе нешто.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag