
Дека нивните тела не се нормални
„Бев сто проценти уверена дека треба да направам операција на вагиналните усни и се срамев да се соблечам пред маж, бидејќи верував дека ќе помисли дека сум фрик”.
Сексот е фокусиран на машкото задоволство
Гледајќи порно филмови, жените веруваат дека фокусот е на машкото задоволство, а таа треба да се преправа дека ужива, дури и доколку не и се допаѓа. Мажот стекнува впечаток дека не треба да се грижи за нејзиното задоволство.
Дека сексот е од чисто физичка природа и дека е специфичен
По гледањето порно филмови, жените често чувствуваат дека не се вклопуваат во некои критериуми, не само околу изгледот на телото, туку и неговите можности – мислат дека се неспретни и чудни.
Сексот помеѓу две жени се случува од досада додека чекаат маж
Порно филмовите даваат лажна слика дека лезбејскиот секс се случува додека две жени си разговараат чекајќи маж, па се одлучуваат малку да се разонодат.
Оргазмите се постигнуваат експресно
Жените кои не можат да доживеат оргазам за време на гледање на филмови за возрасни, можат да помислат дека нешто не е во ред со нив. Никогаш не доживеале инстант оргазам, па знаат да бидат разочарани.
Се сексаат само жени со совршени тела
Во повеќето филмови за возрасни, совршено обликуваните тела со идеални пропорции наведуваат на заклучок дека само таквите жени се прифатливи и привлечни, па мажите сакаат секс само со такви жени.
Дека сите пениси се поголеми од 20 сантиметри
Во порничите, претежно сите мажи имаат големи пениси. Да, постојат и помали од 20 сантиметри.
Дека неверојатните пози им одговараат баш на сите
Можеби тоа изгледа така во порничите, но овие пози не се баш удобни и идеални за секој. Во некои е неверојатно тешко да се доживее оргазам.
Дека мора да прифатите сè што сте виделе во порно филмовите за да го задоволите партнерот
Многу жени помислуваат дека треба да се согласат на некои работи од порно филмовите само за партнерот да биде задоволен. Не треба да голтнете доколку не сакате, не мора да ви сврши на лице, не мора да му дадете анално доколку не сакате. Не треба да прифатите сè што не ви е убаво.
Дека мажите се секогаш подготвени и груби
Во филмовите ситуацијата изгледа вака: тој е силен, помалку агресивен, секогаш може и сака, секогаш е подготвен. Но, во реалноста ова не е ни приближно вака.