Секоја жена има адути во својот гардеробер, неколку од оние испробани парчиња на кои мажите бурно реагираат. Ние ќе ви кажеме кои пет комбинации секогаш палат кај мажите, без исклучок.
Фустан како секси ноќница – овој фустан ги оцртува вашите облини и затоа ќе му го сврти паметот.
Голи раменици – секој маж ќе ви каже ако го прашате, дека голите женски раменици се привлечни. Најинтригантни секако се фустанчиња или маички кои ги откриваат вашите раменици. Не двоумете се, следниот пат покажете ги рамениците и уживајте во резултатите.
Во бело – белото ве прави да изгледате нежна и невина. Верувајте, мажите се палат на нежни девојки кои изгледаат невино и чисто. Белото фустанче со ремен е закон!
Спортски стајлинг – мажите го сакаат и спортскиот стајлинг, но секако со доза женственост. Мошне успешно делуваат тесните хеланки во комбинација со патики. Вие ќе се чувствувате кул, а тој ќе биде возбуден.
И секако, кратки панталони – нема маж што не се пали на ова парче гардероба. Без разлика за каков модел ќе се одлучите, резултатот што сакате да го постигнете е загарантиран.