Камерата користена на мисијата Аполо 15, продадена за пола милион евра!

popara25 март, 20141min00
3fbc8b9c-77af-41f1-bad7-026cabf7b185

Камерата од типот „Hasselblad 500ЕL”, којашто била продадена изминатиот викенд, виенската аукциска куќа Galerie Westlicht којашто најчесто организира наддавања на фото опрема, ја опиша како дел од опремата која во 1971 година ја носела мисијата Apollo 15 и како „единствената камера којашто некогаш се вратила назад на Земјата”.

Освен „Hasselblad 500ЕL” (Data Camera HEDC Nasa) произведена 1968 година со којашто ракувал Џим Ирвинг, другите камери останале на Месечината, а наместо нив на Земјата пристигнуваа снимки и примероци од тамошната површина.

Почетната цена на камерата изнесувала 80 илјади евра, а е продадена за 550 илјади евра во телефонското наддавање. Новиот сопственик на камерата „Hasselblad 500″ е Јапонецот Теруказу Фуџисава, сопственик на синџир за електронска опрема.

836ea8ae-b3ec-47dd-b498-0d8b0233abf2