Состојки
- 300 г мелени бисквити
- 100 мл вода
- 100 г путер
- 50 г шеќер (состојки за карамел крем)
- 10 г путер (состојки за карамел крем)
- 50 мл слатка павлака (состојки за карамел крем)
- 1 кесичка шлаг крем од ванила (состојки за фил)
- 125 мл ладно млеко (состојки за фил)
- 80 г мелени бисквити (состојки за фил)
- малку чоколадо (рендано)
Подготовка
- Во блендер, ги мелеме бисквитите. Додаваме вода и растопен путер и мешаме се додека не добиеме хомогена смеса.
- Доколку тестото ви се распаѓа, додадете уште малку вода и повторно добро измешајте го тестото од бисквити.
- Калапчињата во кој ќе ги печете колачињата добро намачкајте ги со путер.
- Ставете од тестото од бисквити во калапчињата и со прсти подеднакво распоредете го.
- Печете ги во загреана рерна, на 180 степени, околу 7-10 минути или се додека не се исуши тестото и станат малку крцкави.
- Во меѓувреме, подгответе го кремот од ванила. Со миксер, прашакот за подготовка на крем изматете го со 125 мл ладно млеко.
- Во готовиот крем од ванила, додадете мелени бисквити и со лажица измешајте.
- Карамел крем: растопете го путерот, па додадете го шеќерот. Гответе го на умерен оган, со констатно мешање, се додека не се растопи шеќерот и добие кафена боја.
- Слатката павлака стоплете ја (но не да зоврие). Садот со шеќер тргнете го од оган и постепено, со константно мешање, додавајте од павлаката. Вратете го на оган само уште една минути и потоа карамелот е готов.
- Ванила кремот ставетего во шриц и наполнете ги колачињата.
- Одозгора сипете од подготвениот карамел.
- Пред сервирање, врз колачињата, наросете малку рендано чоколадо. Добар апетит!
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma