Карамел плазма колачиња
3 ноември, 20140

Состојки
- 300 г мелени бисквити
- 100 мл вода
- 100 г путер
- 50 г шеќер (состојки за карамел крем)
- 10 г путер (состојки за карамел крем)
- 50 мл слатка павлака (состојки за карамел крем)
- 1 кесичка шлаг крем од ванила (состојки за фил)
- 125 мл ладно млеко (состојки за фил)
- 80 г мелени бисквити (состојки за фил)
- малку чоколадо (рендано)
Подготовка
Во блендер, ги мелеме бисквитите. Додаваме вода и растопен путер и мешаме се додека не добиеме хомогена смеса.
Доколку тестото ви се распаѓа, додадете уште малку вода и повторно добро измешајте го тестото од бисквити.
Калапчињата во кој ќе ги печете колачињата добро намачкајте ги со путер.
Ставете од тестото од бисквити во калапчињата и со прсти подеднакво распоредете го.
Печете ги во загреана рерна, на 180 степени, околу 7-10 минути или се додека не се исуши тестото и станат малку крцкави.
Во меѓувреме, подгответе го кремот од ванила. Со миксер, прашакот за подготовка на крем изматете го со 125 мл ладно млеко.
Во готовиот крем од ванила, додадете мелени бисквити и со лажица измешајте.
Карамел крем: растопете го путерот, па додадете го шеќерот. Гответе го на умерен оган, со констатно мешање, се додека не се растопи шеќерот и добие кафена боја.
Слатката павлака стоплете ја (но не да зоврие). Садот со шеќер тргнете го од оган и постепено, со константно мешање, додавајте од павлаката. Вратете го на оган само уште една минути и потоа карамелот е готов.
Ванила кремот ставетего во шриц и наполнете ги колачињата.
Одозгора сипете од подготвениот карамел.
Пред сервирање, врз колачињата, наросете малку рендано чоколадо. Добар апетит!