И онака лошата репутација која ја ужива семејството Кардашијан-Џенер дополнително ја зголеми Кендал Џенер со инцидент во еден ресторан во Њујорк.
Според келнерката која ја услужувала реалити ѕвездата, кендал го напуштила ресторанот без да плаи сметка во износ од 60 долари, а камоли да остави бакшиш. Како што изјавила келнерката за “Page Six”, таа морала да трча по Кендал на улица.
“Тоа ѝ беше смешно на неа”, вели еден сведок на целиот настан.
Кендал земала неколку банкноти од 20 долари, ѝ ги фрлила на келнерката и продолжила по патот.
Дека овој инцидент навистина се случил, потврдува и келнерката која на својот Твитер профил напишала:
“Оној момент кога трчате по Кардашијан на улица бидејќи заборавила да ја плати сметката а потоа ви ги фрла парите в лице.”
Очигледно, 18-годишната Кендал бесно го напушила ресторанот бидејќи персоналот не сакал да ја послужи со алкохол, што и не е дозволено доколку гостинот е помал од 21 година.