
Наредбата најпрво била издадена во Пјонгјанг, а деновиве се проширува и во другите градови во државата. Сосема очекувано, некои луѓе не се многу возбудени од идејата за ваков изглед на косата.
„Фризурата на нашиот лидер е многу специфична, нема да стои на секој поради различната форма на глава и лице”, вели еден извор на Radio Free Asia.
Друг извор, Северно-кореец кој живее во Кина, вели дека таа фризура е многу непопуларна во Северна Кореја, бидејќи потсетува на кинески шверцери, кои така ја носеле косата.