Иако најави дека овој пат подготовките за свадбата ќе ги скрие од очите на јавноста , Ким сепак не одолеа…
Ким Кардашијан ја прослави својата претстоечка свадба со Канје Вест приредувајќи неверојатна моминска забава во саботата (10.05), во хотелот Пенисула во Беверли Хилс.
Се разбира , деталите од атмосферата на Инстаграм го сподели нејзината сестра Клои. Ким лудо се забавуваше, придружувана од нејзината мајка Крис Џенер, и нејзините сестри , а меѓу гостите беа нејзините блиски пријателки, како Ларс Пипен, Рејчел Рој, Бритни Гастино, Симон Аруш , Сиаре, Лие Џенер, како и неколку членови од семејството на Канје.
Се разбира , атрактивната Ким за забавата менува најмалку два аутфита, а на сликите е во еден бомбастичен фустан со бисерни ремени, фустан кој многу лесно може да стане новиот ИТ модел за оваа сезона. Очигледно е дека Ким не може да го чека моментот да носи венчаница на својата свадба и ја користи секоја можност да блесне во бели секси модели !