Никој нема да зачука на врата за да те побара…

popara12 мај, 20141min00
10

Зад затворените врати и викотниците, стигнуваше до точка на вриење и испаруваше во воздухот. Како пареа. Но мирисот останува да кружи во куќата како нешто ужасно, скапано и мртво. Само што никој изгледа дека не забележуваше.

Дојде денот кога требаше да разговараат. И туку од никаде се сретнаа во ходникот. Стоеја на дваесет чекори раздалеченост. Толку личен простор им требаше. Па ни туѓинци толку далеку не стојат кога разговараат.

Постарата жена триесетина, помладата дваесетина. На едната очите и горат од бес, фрла зборови како стрели и гаѓа во центар. Другата молчи  и ја следи.

Многу работи недокажани, кои треба да си останат така, мислеше помладата. Зарем пак… зарем пак? Отвори се небо… не се може повеќе.

“Правам најдобро што можам” вели младата. “Како и секогаш. Но стави се во моја кожа, погледни, разбери. Ништо не е лесно. И никогаш не е. Но дали барав лесно?”

“Не е лесно, знам. Ми требаа скоро десет години да ја заработам дипломата и да ја добијам сегашнава работа. Кога бев помлада сакав да правам се освен она што требаше да го правам. Оценките не ми беа толку високи за школото каде што сакав да одам. Родителите ми зборуваа и зборуваа, што треба да правам, како, но сфатив дури подоцна. Немаше друго освен да направам се по ред, што ме чинеше екстра работа и време”-рече таа. Јавна тајна беше дека татко и’ ги влечеше конците во компанијата.

И двете задржуваа и бришеа солзи. А како можеш кога сами капат. Од болки и изгубени соништа. Каде беше среќата на крајот на краиштата, беше прашањето.

Тамошна беше постарата. Зборуваше… зборуваше за времето кога била во странство, за нејзината приказна, за тоа да се оди во туѓи чевли, да се биде различен. Враќањето дома- слобода, олеснување. Во нејзините очи, оваа работа не ја занимаше ниту неа, ниту нејзиното семејство. Беше едноставно, проблем на помладата.

  • Никој нема да зачука на врата за да те побара. Сама треба да излезеш и да си го најдеш гнездото – вели постарата.
  • Знам. Само го чекам моето чудо – рече младата.
  • Не постојат чуда. Барем во мојот свет – рече постарата.

Немаше што повеќе. Се прегрнаа и секоја по својот пат.

Не помина долго време и се појави Тој. Всушност, некој друг го донесе, но без оглед, дојде на врата и праша за неа и го даде својот број и ја изведе уште следниот ден. Пред врата ја чекаше.

Дента кога се појави Тој истураше дожд. Таа мораше да се враќа по дождот од железничката станица до дома. Без чадор. Без кабаница. Застана една кола и возачот ја праша дали би можел да ја префрли до некаде. Се заблагодари и одмавна. Скокајќи така од вир во вир на дождот, снагата и омале. Немаше време ниту да јаде.

Дождот паѓаше во навеви, врнеше како да е dilluvio universalе, потоп, крај на светот. Ќе подзастанеше малку да земе здив дождот и пак истураше.

Беа вратени дома веќе кога влезе Таа. Ги соблече чевлите, дури не ни погледна надолу да види дека беа преполни со вода до врвот. Се промени, се осуши, облече чорапи. И рекоа дека се е во ред.

Вечераа и разговараа, за пилешко, за пријатели, за времето… И тукушто завршија, еве ти го, на врата. Правосмукалката бучи, ѕвечкаат чинии, чешмата тече, радиото свири…ѕвони ѕвончето. Во дел од секунда си помисли, абе сега ли мораше. Туку ајде, нема враќање.

  • Здраво – вели еден насмеан убавец, црна коса, црни очи. Ја пружа раката да се поздрави.
  • Здраво… сме се виделе ние претходно, ми се чини – вели Таа.
  • Да, да поминувајќи по улица – вели Тој, гледајќи во неа.
  • Влези, влези те молам. Само што вечеравме и средуваме наоколу, така што не се стеснувај – по малку збунето покажува Таа.
  • Во ред е – смирено вели Тој.
  • Хеј, само што ми спомнаа за тебе и еве си на врата. Чув дека си од Шпанија, така? – рече Таа.
  • Да, од Шпанија. А ти? – прашува Тој, претворен во уво.
  • Од една мала земја, таму на југот во Европа – објаснува таа, покажувајќи му ја соф Благодарам – седнува. Да, да знам каде е… Овде имам доста пријатели од Србија и Босна… – вели Тој.
  • Оу, вистина? Јас никој не познавам тука.
  • Сега ме познаваш мене. Туку слушај, утре прават забава моите пријатели, па дојди и ти со нас – без заобиколување вели Тој.
  • Ајде да видам како сум со време. Каде и кога – прашува Таа.
  • Се уште не знам точно кое време, ама јас ќе те чекам, ако е во ред? – вели Тој.
  • Се разбира, тоа би било супер.
  • Бројот кој ти е? – вели Тој.
  • Запиши… 0452955198 – запишува на телефонот. Твојот?
  • Ќе ти заѕвонам, така што ќе го имаш и мојот. Се гледаме утре тогаш? – вели Тој.
  • Се гледаме. Само кажи време, бидејќи работам и утре. – одговара Таа.
  • Важи. Нема проблем. Поздрав.

Стана на брзина, се поздравија уште еднаш и Тој замина.

И ја чекаше наредниот ден. И дента после тој. И наредниот пак. И следната недела повторно. И викендот. И третата недела и четвртата. И така. Другото е историја.

Но оние другите, го гледаат само она што сакаат да го видат и ништо повеќе од тоа. За нив, ништо не се случи туку така.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag