Kinder Milchschnitte: Совршен млечен десерт

29 октомври, 20140
12

Ова е рецепт за совршена копија на оригиналот! Ќе се заљубите во овој лесен колач, во вкусот на медот и слаткапа павлака.

Потребни состојки – тесто:

  • 200 гр брашно
  • 50 гр какао
  • 100 гр шеќер
  • ½ кесичка прашок за печиво
  • 250 мл млеко

Фил:

  • 500 мл свежа слатка павлака
  • 1 кесичка шлаг-фикс
  • 2 лажици мед

За премачкување на тестото:

  • 2 лажици мед

Подготовка:

Помешајте ги заедно сите суви состојки, бавно додавајќи го млеко во тенок млаз и мешајќи со жица за да не се создадат грутчиња.

Рерната загрејте ја на 160 степени.

Тестото размачкајте го во тавчето во тенок слој (или доколку тавчето ви е помало тогаш печете на два пати) и печете 15-20 минути.

Слатката павлака изматете ја цврсто, додавајќи го шлаг-фиксот и медот. Кората премачкајте ја со медот и доколку сте испекле една голема, тогаш пресечете ја по должина.

Изматената слатка павлака нанаесете ја врз едната кора, лесно израмнете ја со нож и поклопете ја со другата кора.
Нежно притиснете ја кората одозгора да се залепи за филот, па добиениот колач ставете го фрижидер да отстои еден час за да се олади, по што можете да го исечете на коцкички и да го послужите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *