Ќерката на Легија исчезнала во Торонто!

popara3 февруари, 201418min00
7

Николија Луковиќ има 15 години, а последен пат била видена во петокот. Канадската полиција ги замолила сите граѓани да помогнат доколку имаат било каква информација што ќе помогне во истрагата.

Полицијата објавила и фотографија на ќерката на Легија која е родена во Торонто и каде пораснала без никаков контакт со нејзиниот татко.

Маја Луковиќ и Легија се венчале во 1992 година, а кум на свадбата бил Жељко Ражнатовиќ Аркан. Сепак Легија наводно никогаш не ја видел својата ќерка Николија.

Милодраг Улемек Легија, бивш командант на Црвените берети осуден е на 40 години затвор како еден од главните организатори на убиството на Џинџиќ.

Полицијата сеуште не знае дали се работи за бегство од дома или киднапирање.

Foto: Printscreen/Facebook