
Неодамн а се случи чуден грабеж. Во вилата во Комо во Ломбардија, Италија, беше ограбен Џорџ Клуни.
29 годишен Романец кој се претпоставува дека влегол во куќата, земал едно шише вино. Тој дополнително се обидел и да влезе во вилата, но во тоа го спречило обезбедувањето, пушуваат странските медиуми од извори на полицијата.
Крадецот веднаш бил приведен и протви него ќе се покрене судска постапка.
Актерот кој неодамна се вери со неговата девојка Амал Аламудин, има вила на крајбрежјето на езерото Комо во Ломбардија. На тоа езеро се видени и Бред Пит и Анџелина Џоли, Арнолд Шварценегер, Алфред Хичкок и Михаил Горбачов. Клуни во моментов живее во Лондон заедно со вереницата со која ќе се венчаат во септември.