Бразилскиот писател Пауло Коелјо е еден од најчитаните писатели на денешницата, на својот блог тој објави листа од 25 важни лекции поврзани со животот и среќата.
Ова се дел од цитатите што тој ги има одбрано од својата творечка дејност, дознајте на што најмногу треба да обрнете внимание во животот:
1. Кога нешто посакувате да ви се оствари, целиот универзум ќе се здружи за да ви се исполни желбата.
„И кога нешто сакате, целиот универзум се здружува за да ви помогне истото да го постигнете“.
2. Разделете се од сите работи и ќе бидете слободни
„Кога немав што да изгубам, имав сè“.
3. Сите сме овде поради некоја цел
„Без разлика што прави, секоја личност на земјата има централна улога во историјата на светот. И нормално, не знае за тоа“.
„Секој има креативен потенцијал и од моментот кога ќе започне да го изразува креативниот потенцијал, може да започне да го менува светот“.
4. Единствената пречка што стои меѓу вас и вашиот сон е стравот
„Не им потклекнувајте на стравувањата. Ако го направите тоа, нема да можете да комуницирате со срцето“.
„Постои само една работа која го прави сонот невозможен да се оствари – стравот од неуспех“.
5. Грешките се дел од животот
„Сè ми кажува дека ќе донесам погрешна одлука, но грешките се дел од животот. Што сака светот од мене? Дали сака да не ризикувам, да се вратам од каде што дојдов бидејќи немав храброст да му кажам „Да“ на животот?“
6. Важните средби во животот се испланирани од душите долго пред телата да се сретнат
„Навистина важните средби се испланирани од душите пред телата да се видат. Општо земено, тоа се случува кога ја достигнуваме границата, кога треба да умреме и емоционално да се преродиме. Овие средби нè чекаат, но многу често ние ги избегнуваме. Но, ако сме очајни, ако немаме што да загубиме или сме преполни со ентузијазам, тогаш непознатото само се открива и нашиот универзум го менува правецот“.
7. Секое искуство, добро или лошо, има своја лекција
„Има моменти кога неволјите се појавуваат во нашиот живот и не можеме ништо да направиме за да ги избегнеме. Но, тие се овде со причина. Единствено кога ќе ги надминеме ќе сфатиме зошто се појавиле“.
8. Не барајте љубов надвор од вас самите
„Љубовта не може да се најде во некој друг освен во самите вас, само треба да ја разбудите. Но, за да ја разбудиме, потребна ни е друга личност.
9. Кога вие се менувате, целиот свет се менува
„Кога сакаме, секогаш се стремиме да бидеме подобра личност. Кога се трудиме да бидеме подобри од тоа што сме, сè околу нас станува подобро“.
10. За љубовта не е потребна причина
„Некој е сакан бидејќи е сакан, нема причина зошто е тоа така“.
11. Гледајте си ја вашата работа
„Изгледа дека сите знаат како треба другите треба да го живеат својот живот, но никој не знае за сопствениот.
12. Кога некој си заминува, тоа се случува бидејќи некој друг треба да пристигне
„Никој не губи некого, бидејќи никој не може да поседува некоја личност. Тоа е вистинското доживување на слободата – да се има најважното нешто во светот без да се поседува“.
13.Љубовта има нескротлива сила
„Кога се обидуваме да ја контролираме, таа нè уништува. Кога се обидуваме да ја ослободиме, таа нè заробува. Кога се обидуваме да ја разбереме, таа нè збунува“.
14. Онаму каде ви е срцето, таму ќе го најдете вашето богатство
„Запомнете дека онаму каде што ви е срцето, таму ќе го најдете богатството“.
15. Немојте да судите
„Никогаш не можеме да ги судиме животите на другите луѓе, бидејќи секој за себе ја знае сопствената болка и одрекувањата. Во ред е да чувствувате дека сте на вистинскиот пат, но друга работа е да бидете уверен дека тоа е вистинскиот и единствениот начин“.
16. Децата имаат скапоцени лекции со кои можат да ве научат
„Едно дете може да ја научи возрасната личност на три нешта: како да се биде среќен без причина, секогаш да се биде зафатен со нешто и како да го бара тоа што го сака со целото битие“.
17. Уживајте во различностите на животот
„Никогаш немој да се срамиш, рече тој, прифати го тоа што животот ти го нуди и пиј од секоја чаша. Сите вина треба да се пробаат, од некои по една голтка, од некои по цели шишиња. По вкусот ќе знаеш од кое како треба. Добрите вина се препознаваат дури тогаш кога ќе вкусиш некое лошо“.
18. Никој не е одговорен за тоа како се чувствуваш или не чувствуваш
„Во љубовта никој никого не може да повреди, секој е одговорен за своите чувства и не може да криви некого за тоа како се чувствува“.
19. Вашите верувања ве обликуваат во личноста во која станувате или веќе сте
„Вие сте тоа што верувате дека сте“.
20. Заборавете на потребата да се објаснувате себеси
„Не објаснувајте, на вашите пријатели тоа не им е потребно, а непријателите нема да ви веруваат“.
21. Љубовта менува сè
„Времето и знаењето не го менуваат човека, единствено љубовта може да го промени“.
22. Разликувајте ја елеганцијата од површноста
„Елеганцијата често ја мешаат со површноста, модата, непостоењето на било каква длабочина. Ова е серозна грешка, на луѓето им е потребна елеганција на постапките, држењето, тоа се всушност добриот вкус, љубезноста, рамнотежата и хармонијата“.
23. Работете од срце и критичарите нема да ве повредат
„Јас пишувам од душа, тоа е причината поради која критичарите не можат да ме повредат, бидејќи тоа сум јас. Кога не би бил тоа што сум, кога би се претворал дека сум некој друг, тие би ја нарушиле рамнотежата во мојот живот, но јас точно знам кој сум“.
24. Секој ден носи свое чудо
„Ако секој ден го набљудувате исто како претходниот, тоа може да ве заслепи. Секој ден е поинаков, секој носи ново чудо, само треба да обрнете повеќе внимание на тоа чудо“.
25. Уживајте во својата уникатност
„Вие сте посебна личност, но и некој кој сака да биде ист како другите. Јас тоа го гледам како сериозна болест. Бог сите нè создал различни. Зошто го разочарувате со таквото однесување?“
„Мора да бидете онаа личност за која никогаш не сте имале храброст да бидете. Постепено ќе откривате дека сте баш таа личност, но си додека не сте сигурни, морате да се трудите“.
„Ако сакате да бидете успешни, мора да почитувате едно правило: никогаш немојте да се лажете себеси“.