За која девојка треба да се борите за да ја задржите?

19 септември, 20140
5

Сакате да најдете нешто долготрајно, врска со девојка која ќе успее? Тогаш внимавајте на нејзините карактерни црти. Ако добро процените на време тогаш ќе знаете од која да бегате, а за која треба да се борите за да ја задржите.

Независност

Вие сте посилната половина и треба по правило да бидете рамо за плачење, но ако една девојка не може да функционира без вас можеби е подобро да се оддалечите на време. Независноста на една личност, без разлика дали зборуваме за маж или жена е навистина важна во врската. Секогаш подобра опција е да имате стабилна личност која знае да се грижи за себе.

Интелигенција

Сакате квалитетна врска? Најдете девојка на свое интелектуално рамниште. Надворешноста е првата работа што ќе ја забележите и ќе ве привлече, но ако личноста се покаже комплетно празноглава и површна, тука нема иднина. Ако најдете девојка која ги дели вашите интереси, знае да разговара со вас на темите што ве интересираат, тогаш зарем треба да гледате подалеку?

Сексуална компатибилност

Ако имате различни сексуални желби, тогаш имате проблем. Лошата комуникација кога е во прашање сексот, носи фрустрација, која кога-тогаш ќе се покаже. Затоа треба посебно да ја цените онаа што е сексуално компатибилна со вас.

Почит

Нејзиното почитување за вас ќе го забележите во многу ситуации. Како на пример, кога имате конфликт, а таа јавно не покажува дека нешто не е во ред, туку насамо ги средува проблемите. Таа е онаа што ги зема во предвид вашите желби, иако можеби не се согласува со сè. Сепак, ќе ве ислуша и ќе се обиде да ги види работите од ваша гледна точка.

Не се обидува да биде маж во врската

Ако девојката се обидува да биде поголем маж од вас, имате проблем. Помеѓу половите има разлика и е напорно, а и смешно кога некој се обидува насила да ја избрише таа линија. После некое време ќе ви се смачи постојано да бидете тој што се обидува да ја спушти топката, додека таа се труди да ви покаже дека е рамниште со вас.

Се согласува со вашите пријатели и семејството

Непријателството помеѓу неа и вашите пријатели или семејството, ќе донесе многу грди моменти во иднина и ќе мора да застанете во средина, што нема да биде пријатно. Како и да се свртите, за некоја од страните вие ќе бидете лошиот. Затоа, кога ќе најдете девојка која умее да разговара и се согласува со вашите блиски, треба да се трудите да ја задржите.

Ве прави подобра личност

Секој кој е искрен ќе ви признае – вистинската девојка влијае позитивно и ве менува на добар начин. Не наредува, не се обидува да ве смени со сила. Вие го правите тоа самите и немате чувство дека се губите себе, напротив имате чувство дека станувате подобар човек.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş