Кога жена лудо ќе се вљуби: Бев глупава, му верував, а тој ме уништи…

popara19 февруари, 201417min00
3

Кога Џејн од Велика Британија која има 56 години го запознала Мајкл кој има 28 години не можела да одолее на неговиот шарм бидејќи веднаш и докажал дека не сака секс за една ноќ. Сакал сериозна врска, барем така се изјаснил. Набрзо Мајкл ја запросил, а таа секако рекла Да. Не поминало долго и таа сватила дека згрешила. Открила дека Мајкл бил во врска со друга жена веќе 6 години.

Кога го соочив со тоа, Мајкл призна, се насмевна и рече: Луѓето се смеат кога ќе не видат заедно! Бев скршена. Мојата самодоверба потона, бев уништена и емотивно и финансиски.

Крива сум што бев глупава и паднав на тоа. Требаше да бидам попаметна, но …

Се вљубив во него, изгледаше како фин човек. Чувствував дека се знаеме со години – раскажува Џејн.

Тој ја наговорил да му купи автомобил од 30 000 фунти и да му позајми уште толку за да започне со приватен бизнис, а ветил дека набрзо ќе ги врати парите.

Една ноќ кога станал агресивен, таа повикала полиција. Го уапсиле, а таа открила дека Мајкл е баран од Интерпол за слични превари.