Врските меѓу постарите мажи и помладите жени сеуште се соочуваат со осуда, а се повеќе има примери и модели меѓу постарите жени и помладите мажи. Ги истраживме добрите и лошите страни на двете опции.
Големата разлика во години помеѓу партнерите се помалку е табу тема . За ова можеме да им се заблагодариме на холивудските ѕвезди , кои први се осмелија да ги откријат нивните односи со многу помладите партнери. Се разбира, таквите односи и понатаму не се перцепираат како природни .
Млада жена , постар маж
Многу жени кои се забавуваат со постар маж тоа го прават од нивната потсвесна желба да бидат милувани, пазени и водени, а мажот да ја земе нивната рака и да ги води по патот низ животот. Овие постари мажи обично се успешни , зад себе имаат изградена кариера и се способни да придонесат , и финансиски и со животни совети . Од друга страна , тоа често може да се претвори во наметнување и заповед од страна на човекот, а младата жена треба да тоа да го следи и да го слуша.
Постари жени, помлади мажи
Ова може да биде добро решение за оние народни изреки : таа знае , и тој може. Помлад иот партнер бара поддршка и верува во искуството на зрела жена. Жената може да избере многу помлад партнер од желбата да се подмлади , како и заради нереализираното мајчинството, а преку врската со помладиот маж сака некого да воспитува.
Идеална разлика
Психолозите сметаат дека идеалената разлика помеѓу партнерите е седум години и дека подобра опцијата е доколку мажот е постар.