Колибри навлечено на марихуана, не може да одолее!

popara4 февруари, 201418min00
22

Фотографиите на кои се гледа како најмалата птица на светот ужива јадејќи марихуана ја направил американскиот фотограф Џеф Шиц за да покаже дека марихуаната не е штетна.

Во тек е полемиката за легализација на марихуаната ширум светот во многу држави, па затоа е направена и оваа фотосесија со колибрито во знак на подршка на оние кои се борат марихуаната да биде легална.

Оваа фотка е направена во моментот кога колибрито се гоштевало со слаткиот нектар на канабисот. Научно не е докажано дали ТНС кај приците исто делува како кај човекот, но се знае дека птицата после оброкот се однесувала нормално.

Интересно е дека колибри се единствените птици во светот кои можат да летаат наназад. Иако немаат повеќе од 2 грама, овие птици можат да летаат со брзина од 100 км/ч.

Исто така е познато дека користат 20 пати повеќе кислород од врапците, кои се џинови во споредба со колибрито, па затоа вдишуваат по 300 пати во минута.

23