Колку би чинел Ајфонот во ’90-тите години

popara11 февруари, 201417min00
24

Новинарот Брет Свансон дошол до идеја да направи пресметка колку би чинело производство на Ајфон 5 во почетокот на 90-тите години, со оглед на тогашната цена на компонентите. Иако е во прашање груба процена, цифрата до која дошил е неверојатна и изнесува околу 3.65 милиони долари, а тука не е вклучена камерата, детекторот на движење, екранот и софтверот, така да цената би изнесувала многу повеќе. Ајфонот заменува дури 13 уреди како cd player, фотоапарат, видео камера, телефон….кои во почетокот на 90-тите требало посебно да се купат и за кои би требало да се издвои многу повеќе финансии во однос на моменталната цена на овој телефон. Свансон тврди доколку во 1991 година хард диск од 1GB чинел околу 10.000 долари, додека цената на 1GB флеш меморија изнесувала околу 45.000.Со тоа, Ајфонот користи флеш меморија која е 32GB што значи дека само тоа би чинело 1.44 милиони долари. Производството на процесорот во 1991 со слични перформанси како А7 процесорот кој го користи телефонот, дошол до неверојатна цифра од 620.000 долари, а пак трошоците за изградба на мобилна комуникација (WiFi и LTE) би изнесувале околу 1.5 милиони долари. Ова секако е само во теорија, бидејки во праксата на тие години било невозможно да се спакуваат сите овие технологии во куќиште со мали димензии како што е Ајфонот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *