Според наводите на интернет страната „Showbiz Spy” Џенифер изјавила дека не ги поднесува инјекциите ботокс, додека Кортни (50) не знае да запре со вбризгувањето на истиот.
– Кортни е бесна на Џенифер затоа што го исмејувала нејзиниот изглед, наведува близок извор, додавајќи дека Џенифер секогаш истакнува дека лицата кои ставаат ботокс изгледаат ужасно.
Всушност, Анистон е поборник на достоинствено стареење.
– Џенифер и рекла дека би требало да се однесува согласно со своите години и да престане да вложува толкав труд за да го инпресионира своето момче.
Како што наведува изворот, таа тогаш на Кортни и рекла дека жените кои не сакаат природно да остарат всушност се за жалење.