
Фасцинантниот експеримент на списанието “Marie Claire”, овозможи да ги видиме последиците од 10 годишно пиење алкохол, пушење и претерување со слатки.
Резултатите не се сјајни туку напротив- предупредувачки за жените кои мислат дека кутија цигари, две чаши вино или пиво или по некое колаче не оставаат премногу траги на лицето.
1. Алкохол. Ги шири крвните садови, лицето е поцрвено, а како недостиг на Витамин А и борите се повоочливи.

2. Пушење. Го уништува колагенот и се намалува еластичноста. Лошата циркулација води кон зголемени и темни подочници.

3. Шеќер. Кожата на љубителите на слатки може да стане сивкаста и тенка, затоа што заради недостиг на протеини во надворешните слоеви кожата станува потенка и се лупи.
