
Оваа година почнува нешто што најверојатно ќе биде нов тренд во Холивуд: Библиски еп. Во март ќе излезе „Noah” на Дарен Арнофски, а неколку месеци подоцна и „Exodus” на Ридли Скот. За првиот видовме и трејлер, а за вториот дури сега излегува првата фотографија.
На фотографија, прикажан е Кристијан Бејл во карактер на ликот Мојсеј, како јава во околината на Египет.
Покрај Бејл, во „Exodus” глумат и Арон Пол, Сигурни Вивер, Бен Кингсли, Џон Туртуро и други. Премиерата на филмот во Велика Британија е закажа за на 5-ти декември 2014-та.