
Во последната епизода на Икс Фактор натпреварот го напушти женската група “Фор Ју“, чиј ментор беше Кристина Ковач. По повод нивното заминување Кристина изјавила дека е тажна бидејќи нејзината група го напуштила шоуто бидејќи таа смета дека тоа се шармантни девојки со добри перспективи, но додала и дека истото не може да се каже за другиот кандидат од групата на Емина – Харис Чато.
“Сите знаат дека уште од почетокот го подржувам Харис. Неговиот неуспех не е негова грешка, мислам дека проблемот лежи во неговата менторка која според мене не успеала да открие што најдобро му лежи на Харис и како да го претстави во најдобро светло, а тоа е основната функција на еден ментор“ – изјавила Ковач.
По повод нејзината изјава, менаџерот на Емина одговорил:
“Емина мошне професионално ја сваќа улогата како дел од жирито на Икс Фактор. Уште еднаш ја покажа својата посветеност и пожртвуваност кон своите кандидати. Морам да истакнам и тоа дека таа до сега не изгубила ни еден кандидат и дека истото оди во прилог на она што таа го работи, а го работи најдобро“ – изјавил Продановиќ.