Крвта од младите го продолжува животот на постарите луѓе!

popara7 мај, 20141min00
1

Трансфузија на младите луѓе, постарите возрасни лица живеат подолго – велат истражувачите од Универзитетот Харвард и Стенфорд.

Со трансфузија на крвта од младите луѓе, постарите возрасни лица ќе живеат подолго – велат истражувачите од Универзитетот Харвард и Стенфорд.

Тие спроведоа експерименти на глувци, кои покажаа дека со трансфузијата на крв од млади глувци го подобрува мозокот на постарите.

Тим на научници го спореди ефектот на повторените трансфузии на плазма од млади глувци на возраст до три месеци, и плазма од глувци на 18 месеци на популација на глувци постари од 18 месеци.
Просечниот животен век на глувците е две години.

“Постои нешто посебно во крвта на младите глувци, кој им овозможува подобрување на многу аспекти кај стареењето, ” коментира потписникот Сол Виледа од Универзитетот Станфорд за списанието ” Nature Medicine “.

Тој верува дека е оправдано истражувањето да се прошири на луѓето.

Ако постарите луѓе примаат крв од млади мажи и жени, во теорија, би живееле подолго, клетките побрзо ќе им се обновуваат, а исто така и заздравувањето на раните би било побрзо.

Покрај тоа, ќе им се подобри нивната меморија, видот и другите сетила, а ќе се чувствуваат и многу подобро отколку пред почетокот на третманот.

“Нашите податоци покажуваат дека со вбризгувањето на” младата крв” се запира стареењето на молекуларно, структурно, функционално и когнитивно ниво на хипокампусот “, според научната студија.