
Во денешно време да бидеш кучка, не е лоша работа. Помина времето кога ако некој те нарече така, тоа автоматски станува повод за солзи и тажно расположение. Денес жените кучки се амбициозни, пробивни и талентирани.
Жените кучки и бајките
Ако Пепелашка беше жива денес, дефинитивно немаше да се помирува со тиранијата на маќеата. И сигурно немаше да чека волшебно принцот да ја спаси. Кума самовила дури немаше да и е потребна. Пепелашка денес би ги изгорела фустаните на полу-сестрите, додека божем ги пегла, би отишла со нивниот превоз на балот и би го бакнала Принцот на подиумот.
Жените кучки и променливите времиња
Во принцип „кучка“ е назив за женско куче. Подоцна зборот сепак станува синоним за злобна, злонамерна или похотлива жена. Додека да стигне до денес, кога ако те наречат така, не значи ништо лошо.
Позитивната страна на зборот „кучка“
Денес зборот “кучка” не само што е дел од секојдневниот говор, туку се претвори во субкултира. Жената кучка денес е силна, независна и самоуверена. Таа не се плаши да ги изрази своите ставови, да ја брани својата позиција и ќе најде начин да се постигне она што го сака. Всушност да те наречат кучка денес е повеќе од комплимент.
Да земеме пример од филмовите – во секој присутвува лик на жената-кучка. Таа секогаш е од протагонистите, секогаш добива најубавите облека и се бори за најпривлечниот маж. Еден од нај запаметени и икони на жена кучка во кинaта е хероината на Мерил Стрип во “Ѓаволот носи Прада”. Таа не само што освои номинација за Оскар, туку и подржанички низ целиот свет.
Успехот и жените кучки
Ана Уинтур, главниот уредник на Vogue, е вистински пример за успехот на жената кучка. Таа го напушта училиштето на 16 години без диплома. Сè што Винтер постигнува е со цената на многу труд и напор. Па денес, ако таа е кучка, има право да биде таква, зашто што сама си ја издвојува позиција. Денес таа е симбол на популарна, влијателна и бескомпромисна жена.
Да бидеш кучка и каде е границата?
Да се однесуваш како кучка е прифатливо кога е меѓу пријателки или на шега. Ако бидеш кучка и го користиш против некого тоа, сепак, работите стануваат грди. Злонамерните коментари на адреса на некого не се вклопуваат во графата на “кул кучка”. Ако, пак, навредите траат подолго време, тоа веќе станува малтретирање.
Обично прифатливо е да бидеш кучка со семејството или пријателите, бидејќи блиските односи меѓу вас го омекнуваат ударот. Сепак сето тоа треба да биде со граници, бидејќи тоа се луѓето кои најлесно би се повредиле од навистина тешки зборови или лошо однесување.