Пред само неколку дена на YouTube се појави 2-минутното видео на кое е раскажана цела емотивна приказна за спасувањето на едно мешанче.
Слабото и премрзнато кутре не се знае колку долго било заглавено во овој канал, но за негова среќа, во близина се најде човек со големо срце и храброст.
Без двоумење, човекот се симна во каналот и застана во ледената вода, додека друг пријател му помогна од другата страна.
Кутрето, како што се гледа на видеото, е без никакви последици, па токму затоа од сè срце им се заблагодари на своите спасители.
httpv://www.youtube.com/watch?v=H8ol7ojcRU8