Лева хемисфера vs. Десна хемисфера

19 ноември, 20140
11

Во моментите на размислување под изговор на бурното живеење, неретко се среќаме со низа различности во карактери, сфаќања, животен стил. Се дружиме со оние нам сличните, ги одбегнуваме оние кои ни се спротиставуваат. Своите недостатоци ги мразиме кај другите, а своите доблести немо ги следиме и величиме. Дури и да не осудуваме, омаловажуваме или мразиме, сепак нашето гледиште не останува константно. На што се должат овие разлики? Некои ќе речат, се’ е до околината, воспитувањето, образованието. Но, во суштина, нашите разликите се длабоко вкоренети во двојноста на нашето разумно функционирање…

Дали некој е левак или повеќе ја користи десната рака зависи од развиеноста на човечкиот мозок. Така, кај деснаците е развиена левата половина од мозокот, а ако е развиена десната страна на мозокот, тогаш таа личност е левак.

Десната половина на мозокот која „господари“ со леваците ги обработува податоците интулитивно,моментално, со многу емоции, креативно, а тешкотиите во просторната ориентација во животот и на хартија се честа одлика на леваците.Според истражувањето на научниците, леваците се темпераментни, нестрпливи и често прават работи без да размислат.

Тие се во состојба да размислуваат побрзо, на пример, кога играат компјутерски игри или се занимаваат со некој спорт, а воспоставувањето на врска меѓу левата и десната мозочна хемисфера е побрза кај леваците, утврдиле научниците.

Лева хемисфера:

„Јас сум левата страна на мозокот. Јас размислувам. Јас сум научник, математичар. Ја сакам да запознавам, да категоризирам. Ја сум точен, аналитички и стратешки. Јас сум стабилна планина. Јас сум практичен. Јас сум секогаш под контрола. Јас сум господар на зборовите и на јазикот. Јас сум свесен за правилата. Јас сум реален. Јас јасно и концизно го гледам излезот од секоја ситуација. Јас сум енигма која постапно треба да се реши.  Јас уживам да пресметувам равенки и да си играм со бројки. Јас сум правилно скроен костум. Јас сум цел и патот до таа цел. Јас стојам со двете нозе на Земјата. Јас сум логика. Јас ги следам своите соништа. Јас точно знам што сум.“

Десна хемисфера:

„Јас сум десната страна на мозокот. Јас љубам. Јас сум креативец, уметник. Јас имам слободен дух. Јас сум страст, копнеж, сензуалност. Јас сум немирен летен ветер. Јас сум звукот на смеата. Јас имам вкус. Јас го чувствувам песокот под голите нозе. Јас сум движење. Јас сум роб на живите бои. Јас сум поривот да се наслика празно платно. Јас сум убеден дека ако ситуацијата се чини безизлезна, ќе го измислам излезот. Јас сум книга која чека да биде прочитана. Јас сум безгранична имагинација, уметност, поезија. Јас сум цвет во коса. Јас сум смисла, јас чувствувам до бескрај. Јас уживам со сите сетила. Јас сонувам во боја.  Јас сум се’ што некогаш сум сакал да бидам.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi