
Пејачката Лили Ален која со Сем Купер има две деца, позната е по бурното минато и сколноста кон наркотици, но сепак сите ги шокирала со изјавата дека нема да ги спречува своите деца да се дрогираат кога ќе бидат доволно возрасни за такво нешто.
Нема да ми преостане ништо друго, освен да бидам покрај нив. Би било лицемерно да им забранам употреба на дрога, бидејќи и јас самата користев и не го кријам тоа, но секако ќе ги предупредам за сите последици од конзумирајњето наркотици – изјавила пејачката.
