
Кралицата Елизабета и глумецот Џони Деп се далечни роднини и тоа 20 колено. Двајцата се потомци на англискиот владетел Едвард III кој почина далечната 1377.
Кралицата на поп музиката Мадона е во крвно сродство со Камила Паркер Боулс 9 колено. Мадона и сопругата на принцот Чарлс се потомци на Маделејн Ернард и нејзиниот сопруг Захарие Клоутер кои живееле во 17 век.

Нема да верувате но заеднички предци имаат Барак Обама и Бред Пит. Станува збор за човек од Вирџинија Едвин Хикман кој е нивни пра пра прадедо кој починал далечната 1769. Тие се роднини од 10 колено.
Анџелина Џоли пак е далечна роднина со Хилари Клинтон.
Глумиците Глен Клоуз и Брук Шилдс се роднини од 2 колено.
Кејт Мидлтон е во роднинска врска со Гај Ричи од 6 колено. Тој не присуствуваше на свадбата бидејќи е нејзин далечен роднина туку затоа што е пријател со принцот Вилијам.

Роднини се и Селин Дион и Џастин Бибер. Имаат заедничка прабаба и прадедо кои од Франција во Канада се доселиле во 17 век.