Љиљана Перовиќ: Многупати зажалив зошто тоа утро не загинав заедно со Тоше

17 октомври, 20140
2

Седум години по загинувањето на Тоше Проески, сеќавањата не враќаат и кон неговата менаџерка Љиљана Петровиќ.

За неа цело време кружеа најневеројатни муабети, а всушност ниту еден со доказ. Таа со Тоше постигна успех кој уште никој го нема повторено на македонската естрада со што си навлекоа околу себе многу завидливи луѓе кои и денес не можат да им го простат успехот!

– Тие љубоморните можат единствено да ми се лутат поради тоа што не успеав да го научам македонскиот јазик, а сакав многу, вели Љиља во исповед за “Свет“. За се останато не им дозволував да ми се приближат ниту на сантиметар до мене. Добро знам колку дадов од себе за кариерата на Тоше. Барав од него, тој во вистинско светло низ целиот свет пред се да си ја претставува својата татковина Македонија. Го учев патриотски да размислува. Така и беше. А. мене и така и онака ме плукаа. Како да се натпреваруваа кој повеќе ќе ме исплука. Понекогаш тој чуден менталитет ми одеше на нерви, но потоа отрпнав. Тоше ме научи да не реагирам на провокациите, да си ја гледам својата работа. Но и знаеше и да ме одбрани од сите тие плукачи. За среќа, мене всушност народот ме сакаше, не ме сакаа некои други, небитни. Тоше толку ме сакаше мене, за мене знаеше да каже дека сум му втора мајка, толку многу колку што ја сакаше и својата земја Македонија, така што и мене по дома еднаш ме “прекрсти“ во Лиле Петровска!

F3-ljilja-450x601

Јас го запознав на неговата 20-годишна возраст преку едни мои пријатели од странство. Тој во тоа време работеше со “Авалон“ и сакаше да ја смени продукцијата, да најде друг менаџер. Коцкичките се поклопија кога бев на едно службено патување во Македонија. ……..многу ме вадеа од такт озборувањата дека бев во лоши односи со неговите родители, неговото семејство. Секогаш бевме коректини едни спрема други. Трагедијата ни се случи на сите нас, а јас многупати зажалив зошто тоа утро не загинав заедно со Тоше само да се спасам од оваа силна тага. Нема врска ниту тоа дека тие ме избркаа за времето на погребот на Тоше. Тоа го зборуваат лошите луѓе кои живеат со црните мисли. А, луѓе како луѓе. Имаше секакви околу нас. …вели Лиља во ексклузивната исповед која ја даде за печатеното издание на магазинот Свет каде може да го прочитате и остатокот од разговорот со неа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *