Љубовта може да го запре времето, но само за двајца кои навистина се сакаат…

popara28 мај, 20141min00
19

Моќта и влијанието на љубовта се како моќен наркотик. Љубовта може да ” го запре времето “, но само за двајца луѓе кои навистина сакаат. Таа може да ” нахрани ” човек повеќе од било која друга храна. Секоја жена и секој маж се чувствуваат целосно исполнети, кога сакаат и се сакани.

Има разлика сепак помеѓу само љубов и вистинска љубов. Вистинската љубов нема крај. Таа е како виор, која го покренува човекот и која никогаш не го ослободува целосно. Вистинската љубов останува со луѓето кои допреле до неа.

1 . Со партнерот се чувствувате како дома – повеќе пријатно и удобно, отколку кога и да било во текот на целиот свој живот.

2 . Се смеете без причина во текот на денот или пак си потпевнувате некоја песна .

3 . Го сакате партнерот подеднакво, без разлика дали во моментов тој е среќен, тажен, депресивен, радосен и т.н.

4 . Не е важно колку време ви е потребно да учите или да се учите на нешто – ќе уживате да го поминете со својот партнер/ка .

5 . Сакате да споделувате храна со љубениот .

6 . Секогаш сте подготвени да одите кај својот партнер , без разлика колку е саатот е или колку сте изморени – секогаш вреди .

7 . Вие немате желба кон другите луѓе. Да, може да наоѓате други мажи / жени за привлечни, но никогаш нема да ги сакате.

8 . Среќата на вашиот партнер значи повеќе отколку вашата сопствена.

9 . Вие доброволно одлучувате да направите нешто за што до овој момент не сте биле подготвени на компромис.

10 . Никогаш не сте уморни од друштвото на вашиот партнер. Вие секогаш се чувствувате добро , само кога тој / таа е поблиску до вас.

11 . Тишината меѓу вас не е непријатна.

12 . Во моменти на несигурност, поддршката ви дава верба дека работите навистина ќе си дојдат.

13 . Вие чувствувате одредени мириси од нив. Мирисот на трева ве потсетува за утринското трчање заедно, мирисот на кафе – со она што тој / таа ви буди наутро.

14 . Вие имате поголема потреба да се грижите за својот партнер , отколку што сакате тој/таа да се грижи за вас.

15 . Дури и кога се карате, вие нема да се налутите на својот сакан вистински, ниту пак ќе си дозволите да го навредувате.