
Ако сакате подобро да го запознаете колегата или шефот, послужете се со тајните на графологијата.
ГОЛЕМИ БУКВИ- АМБИЦИОЗНА ЛИЧНОСТ
Големината на буквите покажува колку личноста сака да биде приметена. Ако потписот одговара со големината и другите детали на вообичаениот ракопис, односно ако е со средна големина , вашиот колега е олицетворение на едноставноста. Доколку потписот е малку поголем, вашиот колега е самоуверен, храбар и сака да биде приметен.
„Крупниот ракопис со невообичаени големи букви, посебно во средната зона, укажува на екстравертност, на личност кај која преовладуваат чувствата, афективност. Кај поедини личности укажува на расипност но и општа неумереност. Од друга страна, ситниот потпис укажува на потиштеност, отсуство на радоста, потреба за повлекување кое е пропратено со незадоволство и недоверба, но и на штедливост и добра концентрација“, објаснува психолог графолог Јован Крстиќ.
ПОТПИС ПОД ЦРТАТА- РОДЕНИ ПЕСИМИСТИ
Не заборавајте да обратите внимание и на тоа каде потписот паѓа.
Ако е под цртата, тоа значи песимистична личност, која има потреба за повлекување, ниско расположение и дејствување од втор план, а ако лебди над линијата во прашање е оптимист.
И „пијаните“ букви ги разоткриваат особините.
Доколку буквите се наведнуваат во лево, личноста е резервирана, внимателна и насочена на иднината. Доколку буквите одат повеќе кон десно, станува збор за личност која брзо размислува, но ги краси тајновитост и склоност кон манипулации.
ПОТПИС НА СРЕДИНАТА НА ЛИНИЈАТА- ПОТРЕБА ЗА СИГУРНОСТ
Исто така, многу е значајно од која страна под текстот го ставате потписот. Оптимистите и оние кои се воодушевени со сите аспекти на животот, потписот го ставаат на десната страна на линијата за потпис. Потписот на средината на линијата, означува личност која бара сигурност и која може да биде неодлучна. Потписот на левата страна во однос на линијата на текстот може да упатува на помалку песимистична личност која живее во минатото.
ПРВАТА БУКВА НА ИМЕТО И ПРЕЗИМЕТО ЗГОЛЕМЕНО- АРОГАНЦИЈА
Повеќето луѓе се потпишуваат со името и презимето, но луѓето кои наместо името користат иницијал, може за тоа да имаат две причини- или се склони кон формалностите и резервирана, работна комуникација или длабоко не го сакаат своето име. Оние на кои првите букви од името и презимето им се неразмерно поголеми од останатите, најчесто се вообразени личности кои сакаат да бидат ценети.
„Ако на комплетно напишано име и презиме, почетната буква на името е поголема од почетната буква на презимето, тоа укажува на неговата изразена самосвест и потреба за истакнување. Поголема почетна буква на презимето, а помала на името, знак е дека личноста не е во потполност задоволна сама со себе.“- објаснува Крстиќ.
НЕРАЗБИРЛИВ ПОТПИС- ЛУКАВА ЛИЧНОСТ
Освен што може да значи дека личноста нешто крие, нејасниот потпис може да значи помалку замислен колега. Така сака да каже како би требало да знаете кој е тој, а ако не знаете, тоа е ваш проблем.
„Потполно неразбирлив потпис, исклучувајќи ги рутинските канцелариски потписи на формуларите и документите, укажува на лукавост, додека спротивното укажува на јасен и методичен дух. Едноставниот потпис без никакви украси и нафрлени линии и слично, укажува на отменост на духот, неупадливост, префинетост“- истакнува тој.
ЗАОБЛЕНИ БУКВИ- МИРОЉУБИВ ТИП
Аглестиот ракопис укажува на самодисциплина и силна волја. Тоа е еден јак, цврст и затворен карактер, но кој може да биде и груб и непомирлив. Заоблениот ракопис укажува на флексибилност, мирољубивост, способност на прилагодување, но и подложување на влијанијата.
„Тука треба да се разликуваат две врсти: аркадни (поврзување со лакот горе) кој укажува на отменост, воздржаност, но и неискреност, лицемерство и склоност кон формализмот. Поврзувањето со лакот доле укажува на отвореност, попустливост, способност на прилагодување, добродушност. Тие личности повече се склони да даваат отколку да примаат“– вели Јован Крстиќ.
КРУЖНА ТОЧКА НА БУКВИТЕ-ЛИЧНОСТ КОЈА САКА ДА СЕ ИСТАКНУВА
И точката во потписот има скриено значење. Ако е во прашање креативна, кружна точка, тоа покажува дека личноста сака да се истакнува и сака да биде различна, додека ситните мали точки укажуваат на повлеченост и недостаток на енергија која покренува.
„Кружните крупни точки укажуваат на енергичност и самодоверба. Искривените, неправилните и точките со нерамномерен облик, укажуваат на афективна неизбалансираност, агресивност, а ако е поврзана со аголниот ракопис- на бруталност. Кратка точка укажува на зајадливост, а точката формирана со ротационен зафат укажува на промисленост и рационалност. Недостатокот на точки укажува на површност“- наведува Крстиќ.
